10 езера со несекојдневна убавина

Сподели

Автор: Маја Владимирова

Портокалови, розови, зелени… повеќето од овие езера изгледаат како некој сликар да си поиграл со четката. Всушност природата е таа која си поиграла со боите и ги создала овие неверојатни езера кои ќе ве остават без здив.

Езеро на шампањското, Нов Зеланд

Езерото на шампањското (Champagne Pool) e кратерско езеро кое се наоѓа на Северниот остров во Нов Зеланд. На местото каде што денес се наоѓа езерото имало неверојатно убави бели и розови карпести тераси, но откако еруптирал вулканот Мауна Тарауера, на местото на терасите се појавило блескаво смарагдно-зелено езеро. Топлиот извор од кој денес се затоплува езерото се формирал пред околу 900 години. На дното, водата достигнува температура и до 260° C, додека на површината на езерото се движи меѓу 73  и 75 Целзиусови степени.10 езера со несекојдневна убавина

Диего де ла Хаја, Костарика

Диего де ла Хаја е вулканско езеро сместено во еден од 5-те кратери на вулканот Иразу. Ова езеро често знае да ја смени својата боја од вообичаената зелена во сива, црвена или розова во зависност од типот на гасот кој се ослободува како резултат на вулканската активност во подолните слоеви.10 езера со несекојдневна убавина

Езерото Таал, Филипини

Ведрина, смиреност, чиста убавина и поглед кој го одзема здивот, се само дел од зборовите кои го опишуваат езерото Таал. Неговата вода е чиста и свежа, но исто така полна со сулфурна киселина и различни форми на сол како што се содиум, алуминиум и магнезиум како последица на неговото вулканско потекло. Меѓутоа она што го прави посебно ова езеро е тоа што во него има остров во кој се наоѓа друго езеро. Ова внатрешно езеро е всушност најголемото езеро на остров кој се наоѓа во друго езеро во светот.10 езера со несекојдневна убавина

Езерото што врие, Доминика

Езерото што врие (Boiling Lake) е сместено во националниот парк Морн Труа Питон, Доминика. Исполнето е со сиво-синa вода која врие и е опколено со облак од пареа. Периодично му се менува нивото на водата, па така во 2006 година било речиси целосно испразнето и воопшто не вриело. Ова езеро е второ по големина во светот од ваков тип со температури од 82 до 91,5 Целзиусови степени.10 езера со несекојдневна убавина

Асалско Езеро, Џибути

Асалското Езеро е кратерско езеро во централен Џибути. Лежи на 155 метри под морското ниво и на тој начин претставува најниската точка во Африка. Асалското езеро се карактеризира со високо ниво на соленост (до 34,8 %), повеќе дури и од Мртвото Море со што го добива епитетот најсолено езеро.10 езера со несекојдневна убавина

Обоената Лагуна, Боливија

Ова езеро е препознатливо по својата црвена боја, која е резултат на минералите и алгите кои ги содржи. Па така, според концентрацијата на алгите, езерото добива различни нијанси на црвената боја во различни периоди.10 езера со несекојдневна убавина

Урмијанското езеро, Иран

Урмијанското езеро е солено езеро кое се наоѓа во северозападен Иран во близина на границата со Турција. Тоа е најголемо езеро во внатрешноста на Иран и трето солено езеро во светот. Температурата на ова езеро се менува драматично, од -20 Целзиусови степени во зима до 40 Целзиусови степени во лето. Денес на ова езеро му се заканува опасност од пресушување, доколку не се стори ништо за да се заштити.10 езера со несекојдневна убавина

Езерото Тешекпук, САД

Оваа сина езерска површина со необична форма најпрво била исполнета со слатка езерска вода, меѓутоа денес како последица на топењето на Арктичкиот мраз и ронењето на земјата е измешана со морска вода. Претставува дом на разновиден Арктички екосистем кој поради глобалното затоплување денес е во опасност.10 езера со несекојдневна убавина

Езерото Лилук, Канада

Езерото Лилук, познато и како Точкесто езеро се наоѓа во близина на Ванкувер, Канада. На прв поглед изгледа како да има алги насекаде во него, но причината за ваквиот изглед е сосема поинаква. Во лето, кога водата испарува, поради неговиот уникатен состав со минерали се прават прекрасни живописни кругови низ целото езеро.10 езера со несекојдневна убавина

Езерото Хилиер, Австралија

Специфично за ова езеро е неговата светло розова боја. Како езерото ја добило оваа боја е сè уште мистерија. Се претпоставува дека ја добило од бактерии и алги, иако тоа сè уште не е научно утврдено. Сместено е во шумски предел богат со еукалиптус и претставува природно чудо во Австралија.10 езера со несекојдневна убавина


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар