10 екстремни пустелии

Некои точки на Земјата се толку пусти и изолирани, што прашање е дали воопшто човек треба да размислува да отпатува до нив…

Конкордија, Пакистан

Не постои лесен пат до Конкордија. Името го добила од европските истражувачи на кои местото им личело на Швајцарските Алпи. Сместена длабоко во планините во северниот дел на Пакистан, Конкордија располага со таква смиреност и дивост која оддава впечаток дека таму некаде е крајот на светот. Ако некогаш решите да стигнете до таму, спремете се да пешачите цели десет дена.10 екстремни пустелии

Руб ал-Хали, Саудиска Арабија

Руб ал-Хали во Саудиска Арабија е најголемата песочна површина на планетата. Западните истражувачи ја нарекле Дом на тишината, а има и зошто. Зафаќа површина отприлика колку Франција и Бенелукс заедно, има дини високи и по 300 метри, а сето тоа „живее“ во неверојатна тишина.10 екстремни пустелии

‘Ртот Јорк, Австралија

Најсеверната точка во Австралија претставува и крајот на светот за жителите на овој континент. ‘Ртот е оддалечен повеќе од 1.000 километри од најблискиот град, така што патувањето до таму подразбира неколкудневно возење по тежок пат по кој се среќаваат само крокодили. На крајот, наградата за долгиот пат е еден карпест предел и ништо друго.10 екстремни пустелии

Катинирпак, Канада

Ако се прашувавте што има во оние предели на Канада каде што нема големи градови, одговорот е национални паркови во кои има само голи планини и поларни мечки. Катинирпак е најекстремниот од нив. Го зафаќа најсевервниот дел од Канада.10 екстремни пустелии

Северниот Пол

Мразот на Северниот пол останува на листата од најекстремни пустелии на Земјата барем уште неколку години додека се стопи целосно. Под големите слоеви мраз нема земја, па оние малку санти мраз кои пловат по Северниот Леден Океан се голем предизвик и за најголемите авантуристи.10 екстремни пустелии

Островот Робинзон Крусо, Чиле

Во осумнаесеттиот век на овој остров бил оставен еден морнар кој овде поминал сам четири години од животот, а подоцна бил инспирација за Даниел Дефо да го напише истоимениот роман. Денес островот е населен со околу 500 жители, а поради „блискоста“ со Јужна Америка од 670 километри, не го посетуваат повеќе од 100 луѓе годишно.10 екстремни пустелии

Невадо Мисми, Перу

Невадо Мисми е пустелија која се наѓа на планина висока 5.597 метри, на оддалеченост од 700 километри од Лима. Сепак, некому му било важно да стигне до таму затоа што на крајот тука е пронајден изворот на Амазон.10 екстремни пустелии

Островот Олхон, Русија

Олхон е остров на средината од Бајкалското Езеро, инаку најдлабокото во светот. И самото езеро кое се наоѓа во сибирскиот регион е доволно осамено, па не изненадува што неговиот остров е толку изолиран.10 екстремни пустелии

Камчатка, Русија

Летот од Москва до Камчатка на Далечниот Исток трае неверојатни 11 часа, што всушност е најдолгиот домашен лет во светот. Овој полуостров е толку изолиран од развиениот дел на Русија што се наоѓа поблиску до Лос Анџелес отколку до Москва.10 екстремни пустелии

Замокот Скоти, САД

На почетокот на дваесеттиот век чикашкиот магнат Алберт Џонсон верувал дека ќе најде злато во Долината на смртта во Калифорнија и затоа го изградил овој замок на сред пусина. Денес таму не живее никој.10 екстремни пустелии


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Го интересираат општествените науки и сето она што ја истражува повеќедимензионалноста на светот и човековото однесување, но од тоа само правото му е професија. Вљубеник во филмот, фотографијата, читањето и сите спортови на овој свет. Пишувањето му е задоволство кое му овозможува да биде во контакт со нив секој ден.

Поврзани содржини

Остави коментар