10 цитати кои ќе ве натераат да престанете да се грижите што мислат другите

Сите ние сакаме да бидеме прифатени и сакани. Но многу често оваа желба предизвикува да го живееме нашиот живот според очекувањата на другите и постојано да се грижиме за нивното мислење. Следењето на вашата страст може да ви изгледа како навистина осамен потег, а понекогаш постои и ризик да изгубите некој или нешто што ви значи.

10-citati-koi-kje-ve-nateraat-da-prestanete-da-se-grizhite-za-mislenjeto-na-drugite-kafepauza.mk

Но, ако им дозволите на вашата храброст и љубов кон себе да бидат посилни од вашите стравови, ќе сфатите дека патот кој сте го сметале за „потежок“ е оној кој ќе ви ги исполни соништата. Кога ќе го одберете овој пат, вие ќе одлучите да го искористите вашиот вистински потенцијал без разлика на притисокот и мислењето на другите. Овие цитати ќе ве инспирираат и ќе ве натераат да престанете премногу да се грижите за мислењето кое го имаат другите.

„Грижете се за признанието на другите и засекогаш ќе бидете нивни затвореник.“ – Лао Це

„Бидете оној којшто навистина сте, и кажувајте го она што го чувствувате. Бидејќи на оние кои им пречи не се важни, а на оние кои се важни не им пречи.“ – Доктор Сус

„Ако сте преокупирани со перцепцијата и се обидувате да ги задоволите очекувањата на сите, можете да полудите.“ – Бенедикт Камбербач

„Вие немате одговорност да живеете според мислењето и очекувањата на другите. Јас немам одговорност да бидам онаков каков што другите очекуваат. Тоа е нивна грешка, не мој неуспех.“ – Ричард П. Фајнман

„Некои луѓе ќе ви велат дека одите по грешниот пат, кога всушност вие одите по патот кој е само ваш.“ – Анџелина Џоли

„Големите души секогаш се соочувале со силен отпор од страна на просечните умови. Просечниот ум не е способен да го разбере човекот кој одбива да им се покори на конвенционалните предрасуди и кој одбира да го каже своето мислење храбро и искрено.“ – Алберт Ајнштајн

„Секогаш кога ќе се најдете на страната на мнозинството, време е да застанете и да се преиспитате.“ – Марк Твен

„Веројатно не би се грижеле за мислењето кое другите го имаат за вас кога би знаеле колку ретко мислат на вас.“ – Олин Милер

„Никој не може да направи да се чувствувате инфериорно без ваша дозвола.“ – Елеонор Рузвелт

„Има само еден начин да ги избегнете критиките: Не правете ништо, не кажувајте ништо и не бидете ништо.“ – Аристотел

Прочитајте ги и овие цитати кои ќе ве инспирираат да живеете онака како што сакате.

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар