10 чудни начини на кои нашиот мозок си поигрува со нас

Нашиот мозок одлучува како ќе гледаме на нештата. Тој внимателно нè води низ маглата која е светот околу нас… освен кога нè лаже. Всушност, нашиот мозок навистина сака да игра игри. Многу често она што мислиме дека е реалност, е всушност трик на нашиот мозок.

1. Семантичко заситување

(1)10-chudni-trikovi-koi-ni-gi-pravi-mozkot-kafepauza.mk

Дали ви се има случено да повторите некој збор толку многу пати, што тој ќе го губи значењето? Не сте единствените! Научниците ја истражувале оваа појава и ја нарекле семантичко заситување. Истражувањата покажале дека кога повторувате некој збор, вашиот мозок се заситува од него и вие останувате збунети за значењето на зборот. Кога ќе кажете некој збор, на пример пенкало, вашиот мозок ја наоѓа информацијата за пенкало и ја поврзува со зборот. Но, кога ќе го повторувате зборот повеќе пати, вашиот мозок ја губи способноста да ги поврзе зборот и информацијата и вие останувате збунети.

2. Периферна теорија за емоции

(2)10-chudni-trikovi-koi-ni-gi-pravi-mozkot-kafepauza.mk

Замислете дека сте во шума и пред вас се појавува мечка. Сигурно ќе помислите дека првото нешто што ќе го почувствувате е страв кој ќе резултира со забрзано чукање на срцето. Но, вашиот мозок ќе ве лаже! Според теоријата за емоции на Џејмс Ланџ, работите се случуваат обратно. Прво вашето срце почнува да чука брзо, и дури тогаш вашиот мозок мисли дека е време да бидете исплашени, па испраќа сигнали на страв.

3. Звуци во главата

(3)10-chudni-trikovi-koi-ni-gi-pravi-mozkot-kafepauza.mk

Сигурно ви се случило некоја песна (што можеби и ја мразите) да ви биде во глава со денови. Некои научници сметаат дека ова е резултат на тоа што вашиот мозок заглавил во јамка. Сигурно кога ви се случува ова знаете само еден дел од песната, и ви се повторува само тој дел. Бидејќи мозокот не сака да остава некои работи незавршени, тој постојано го повторува делот кој го знаете обидувајќи се да ја доврши песната.

4. Морална збунетост

(4)10-chudni-trikovi-koi-ni-gi-pravi-mozkot-kafepauza.mk

Многумина од нас имаат цврсто мислење за работи како канибализмот и инцестот, каде што мнозинството ги смета овие работи за морално погрешни. Но, истражувачите откриле дека кога луѓето се прашани за овие теми, мозоците на голем дел од нив само си „седат“ и не се во можност да најдат соодветен одговор, иако овие однесувања се сметаат за табу во денешното општество. Овој феномен е наречен „морална збунетост“ и испитаниците едноставно биле збунети и не биле способни да објаснат зошто така се чувствуваат за тие теми.

5. Ефектот ГПС

(5)10-chudni-trikovi-koi-ni-gi-pravi-mozkot-kafepauza.mk

Дали се потпирате на системот за навигација за да стигнете каде било? Дали го користите за да стигнете и на места кои ви се познати? Ако го правите ова, можеби треба да намалите со неговата употреба. Изгледа дека користењето на ГПС системите е лесен начин да се излажеме дека сме безбедни и да го изгубиме чувството за ориентација. Користете ги системите за навигација само кога навистина ви се потребни.

Продолжува на следната страница…

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар