10 чудни митови кои се покажале како вистинити

10 чудни митови кои се покажале како вистинити

Постојат многу чудни митови и теории низ целиот свет и многу од нив е тешко да се прифатат како вистинити. Но, одвреме-навреме светот може да нè зачуди со неочекуваните откритија кои ги нуди. Погледнете неколку чудни митови во кои е тешко да верувате, но сепак се вистинити.

1. Банкоматите ги идентификуваат луѓето по нивниот глас, очи и физички изглед

(1)10-chudni-mitovi-koi-se-pokazhale-kako-vistiniti-kafepauza.mk

Во 2015 година, Кина ги претстави банкоматите кои можат да препознаваат лица. Денес тие служат како одбрана од крадците на картички. Исто така, постојат и банкомати кои можат да го препознаваат гласот на луѓето.

2. Флуорот може да ви ги оштети забите

(2)10-chudni-mitovi-koi-se-pokazhale-kako-vistiniti-kafepauza.mk

Заболекарите ги препорачуваат пастите со флуор како превенција од кариес. Но, едно истражување од Нов Зеланд покажало дека флуорот прави повеќе штета отколку добро. Штом ќе навлезе во телото, флуорот има влијание на мозокот, нервниот систем, дигестивниот систем, бубрезите и црниот дроб. Тој исто така го забрзува процесот на стареење на коските.

3. Научниците имаат создадено животни хибриди

(3)10-chudni-mitovi-koi-se-pokazhale-kako-vistiniti-kafepauza.mk

Оваа идеја на почетокот била само за во фантастичните филмови, но хибридните животни и птици навистина постојат. Научниците се способни да манипулираат со ДНК и да ги комбинираат најдобрите гени од два вида животни во еден организам. Тие исто така откриле дека гените може да помогнат во спречување на некои болести и во продолжување на животниот век.

4. Шеќерот нема влијание на однесувањето на децата и на нивниот развиток

(4)10-chudni-mitovi-koi-se-pokazhale-kako-vistiniti-kafepauza.mk

Едноставните јаглехидрати и рафинираниот шеќер кои го зголемуваат нивото на гликозата, се вистинската опасност во овој случај. Група научници открила дека адреналинот кај децата се произведува кога имаат повисоко ниво на шеќер во крвта. Ова нема никаков ефект на нивната концентрација и на нивната способност да примаат информации.

5. Далај Лама работел за ЦИА

(5)10-chudni-mitovi-koi-se-pokazhale-kako-vistiniti-kafepauza.mk

Во втората половина на 20-тиот век, ЦИА го финансирала ослободителното движење на Тибет, како и самиот Далај Лама. Оваа програма била спроведена со цел да се наруши стабилноста на комунистичките земји. Тибетскиот лидер знаел од каде доаѓаат неговите финансиски средства, но секогаш ја одрекувал неговата поврзаност од политичката кампања на ЦИА.

Продолжува на следната страница…


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар