Вино-Скоп 2012 | Кафе пауза

Вино-Скоп 2012И оваа есен повторно ќе биде одбележана со културно-забавната манифестација „Вино-Скоп“. Од среда, 10-ти октомври до 14-ти октомври, 2012 интернационалниот вински фестивал „Вино-Скоп“ ќе се случи по шести пат во Скопје. Препознатливиот мирис на добри вина повторно ќе ве доведе до веќе познатата локација, „Плоштад Македонија“.

Настанот „Вино-Скоп“ прерасна во голем регионален настан кои привлекува секоја година до 50.000 посетители од Македонија и од Балканот.

Комфорната атмосфера која ја нуди „Вино-Скоп“ е тешко надминлива, а комбинацијата од фантастично вино, храна и одлична музичка програма неодолива. Во самиот центар на прекрасното Скопје ќе имате можност да изберете и пробате најразлични вкусни вина од спектарот на триесетина винарии кои ви ги нуди „Вино-Скоп“.

И секако „Вино-Скоп“ не би бил потполн без музичката програма која како и секоја година придонесува за доброто расположение на фестивалот. Можност за сите љубители на софистицираниот вкус на виното да го почувствуваат духот на градот во едно малку поразлично светло.