Успешно заврши хуманитарната акција „Прегратка на дар“ | Кафе пауза

Наградени најкреативните градинки во акцијата  „прегратка на дар“

Успешно е завршена втората по ред хуманитарна акција „Прегратка на дар“ во организација на интернет порталот Рингераја и Битолска Млекара како главен покровител на акцијата. Успешно заврши хуманитарната акција „Прегратка на дар“На хуманитарната акција која опфаќаше рачна изработка на играчки кои ќе бидат подарени на болните дечиња низ болниците во земјата, учествуваа повеќе од 150 градинки низ цела Македонија, 5 основни училишта и преку 25 болници и здруженија за деца со посебни потреби и социјално загрозени семејства. Повеќе од 10.000 дечиња низ цела Македонија изработија преку 7.000 играчки.

За времетраењето на акцијата се одржаа креативни работилници во 15-тина градинки на кои гостуваше и препознатливото Битолското чупе кое ги анимираше дечињата и им помагаше да ги направат играчките и да ја сфатат целта на акцијата. На секоја работилница се прикажуваше драмата „Приказната за Јана“ со цел децата да научат да помагаат, да разберат колку е важно пријателството и посветувањето внимание на болните лица, сочувството со оние на кои им е потребна поддршка и да научат да ги почитуваат потребите на другите.

Сите играчки кои децата ги изработија во текот на месец јануари беа поделени во детските болници и на социјално загрозените семејства ширум земјава, додека во текот на месец февруари, читателите на интернет порталот Рингераја имаа можност да гласаат за најдобра изработена играчка. Победник на овој натпревар беше градинката „Детска Радост“ од Гостивар која освои најголем број гласови за најдобро изработена играчка. Дополнително беа наградени и градинките „Детска Радост“ од Скопје и „Гоце Делчев“ од Пробиштип, додека членовите на комисијата наградија уште две градинки „Наша Иднина“ од Прилеп и „Кочо Рацин“ од Скопје.Успешно заврши хуманитарната акција „Прегратка на дар“Идејата на оваа акција е да стане традиција и да се одржува секоја година со цел дечињата да се поттикнат на хуманост од мали нозе.


Млекара АД Битола е најголемата млекара во Р. Македонија со капацитет на преработка на млеко од над 65 милиони литри годишно која посветува врвно внимание на квалитетот и поседува врвен стандард за управување со квалитетот и контрола на безбедноста на храната – ISO 22000 (интегриран стандард од HACCP и ISO 9001) и стандард за заштита на животната околина ISO 14000. Млекара АД Битола е единствена млекарница во Р. Македонија која поседува извозен број за извоз во земјите на Европската Унија, што е врвен доказ за квалитетот на нашите производи. Од 2007 година Млекара АД Битола е дел од најголемата групација на млечната индустрија на Балканот – Danube Foods Group.