Топ 5 содржини за изминатата недела (4.7.-10.7)

Сподели

Ги прочитавте најдобрите постови за изминатава недела? Ова е редоследот кој го одредија вашите кликови:Топ 5 содржини за изминатата недела (4.7.-10.7)

1. Идеалниот град според хороскопскиот знак

Без разлика дали сте во потрага по добра дестинација за одмор или размислувате за преселба во друга држава, прочитајте на кои урбани места, астрологијата вели дека со сигурност максимално ќе уживате. Некои тропски места е жалосно да не ги посетите барем еднаш во текот на животот, други се прекрасни за живеење, а трети нудат неверојатни прилики за забавување и веселба. Погледнете кое место ви одговара најмногу на вашиот карактер.
.

2. Костими за капење кои се во мода ова лето

Како што се приближува „шпиц-сезоната“ на летните одмори, така сè повеќе зачестуваат масовни подготовки за она што треба да го покажеме додека сме таму. Досега работевте на своето тело, но костимот за капење ви е од пред две сезони. Без паника! Излезете в град и барајте костим за капење кој е хит за оваа сезона, додека истовремено одговара на вашиот стил и градба на телото. Изборот на стилови е голем.
.

3. Лекции на кои нè научил животот

Понекогаш, мислејќи за животот и за тоа што сè сте научиле, може да направите нов голем потфат во насока на негово подобрување. Па така, кога ќе се запрашате што досега ве има научено животот, можат да ви текнат интересни работи, кои би сакале да си ги кажете себеси како лекција кога би можеле некако да се вратите назад во времето. Ова се неколку примери за лекции кои треба да ги запомниме, а многумина од нас ги учат од секојдневните искуства.
.

4. Спектакуларен хотел под вода на Малдивите

Спиењето под вода помеѓу живиот воден свет, е нешто за кое секој од нас би можел само да сонува. Но за некои среќни туристи, со „подлабоки џебови“, овој сон сега може да постане реалност.
.

5. 10 природни феномени на Земјата

Нашата планета има многу чудни и прекрасни места кои ја имаат моќта да инспирираат и да зачудуваат. Тие нè потсетуваат дека дури и во оваа ера на технолошки чуда, во природата сè уште постојат неверојатни места за откривање. Ова се само 10 од многуте кои ги има на Земјата.
———————————————————————————————————————————————————————

Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар