Топ 5 содржини за изминатата недела (18.4.-24.4)

Ги издвојуваме петте содржини кои најмногу ги читавте на Кафе пауза во текот на изминативе седум дена.Топ 5 содржини за изминатата недела (18.4.-24.4)

1. 10 интелигентни животни лекции од Алберт Ајнштајн

Алберт Ајнштајн (14 март 1879 – 18 април 1955) бил германски теоретичар, физичар, филозоф, автор и една од највлијателните личности во светот. Покрај тоа што допринел многу за научниот свет, за што во 1921 година добил и Нобелова награда за физика за неговата работа во полето на теоретската физика, а особено за неговото откритие на фотоелектричниот ефект, тој објавил и 300 научни и 150 ненаучни дела. Тој се смета за таткото на модерната физика и најверојатно е најуспешниот научник кој некогаш постоел.

Прочитајте ги неговите 10-те најинтелигентни совети за животот, кои вечно ќе ги стимулираат луѓето ширум светот.
.

2. 50 прашања кои ќе ви го ослободат умот

Овие прашања немаат точен или неточен одговор. Понекогаш поставувајќи го вистинското прашање, всушност го добиваме одговорот кој го бараме.
.

3. Симпатични подвижни фотографии

Њујоршкиот моден фотограф Џејми Бек, во соработка со Кевин Бург, кој е веб-дизајнер со искуство во подвижна графика и видео обработка, креирале серија од прекрасни анимирани фотографии, кои ги нарекуваат „cinemagraphs“.
.

4. Астрологијата и интуицијата

Вие можеби веќе поседувате моќни интуитивни способности за кои не сте свесни и сè што ви е потребно, е да го идентификувате вашиот најдобар пат кон успех и среќа во животот. Дури и ако не верувате во постоењето интуиција, можеби ќе се изненадите кога ќе откриете дека таа ви отвора нови можности за пронаоѓање извори на инспирација, начини на преземање иницијатива, ќе ве научи како да бидете инвентивни, ќе ве натера да се борите за подобра иднина, ќе ја зголеми вашата креативност, ќе ви овозможи да ги читате работите кои се кријат „меѓу редови“, па дури и да ги игнорирате оние работи кои би сакале да не постојат во вашиот живот.
.

5. Креативни идеи за украсување велигденски јајца

Денес, секој сака да биде уникатен и препознатлив по нешто, па убаво би било доколку на овој голем христијански празник му дадете ваш личен „шмек“ со уникатно украсување на велигденските јајца. Обичај е на овој празник да им се даруваат јајца на сите што ќе го посетат домот. Доколку сакате на вашите блиски роднини и пријатели да им подарите велигденско јајце со креативен дизајн, ви предлагаме 3 интересни начини на украсување, кои нема да ви одземат многу време за изработка.

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар