Топ 5 содржини за изминатата недела (16.5.-22.5)

Читавте редовно Кафе пауза минатава недела? Ако не, ќе ви простиме, но еве ви прилика да прочитате што беше најинтересно за посетителите.Топ 5 содржини за изминатата недела (16.5.-22.5)

1. Најромантичните летни дестинации во светот

Се ближи летото, периодот во кој сите размислуваат каде да се почестат за напорната работна година. Доколку вашата замисла е ова лето да го поминете со партнерот шетајќи по рајските песочни плажи за време на зајдисонцето, гушкајќи се на кралските лежалки со меки перничиња, пиејќи винце на балконот со неверојатен поглед, тогаш следниве дестинации можат да ви помогнат да го направите вистинскиот избор. Повеќето од нив се подалечни и можат да ве чинат повеќе пари, но сепак вредат да се најдат на оваа листа на најромантичните дестинации за летниот период.
.

2. 7 типови пријатели кои треба да ги имате во вашето друштво

Пријателството нема цена и секому му е потребно. Вистинскиот пријател секогаш е тука за вас, без разлика на околностите и знае да ви се најде и во добро и во лошо. Иако пријателството е природна работа и несвесно го одбираме кругот на пријатели, сепак важно е од нив да добивате соодветно на тоа што го вложувате. Ова се неколкуте категории пријатели кои би требало да ги имате во вашето друштво.
.

3. Астрологијата и љубовните врски на далечина

Предизвикувачка, тешка за одржување, однапред осудена на пропаст… Доколку сте во љубовна врска на далечина, до сега сигурно сте ги слушнале сите можни негативни коментари во врска со тоа. Она што не сте го слушнале, е дека ваквите љубовни врски имаат исто толку шанси за успех, колку и оние во кои партнерите живеат во истата населба. Исто како и во сите други љубовни врски, така и врската на далечина си бара постоење доверба помеѓу партнерите, добра комуникација и многу вложен труд за нејзино правилно насочување. Можете да ги употребите моќите кои ги поседува вашиот хороскопски знак за да се справите со предизвиците кои ги поставува пред вас љубовната врска, која сакате да ја одржувате на илјадници километри од вашиот партнер.
.

4. Летно освежување на вашите нокти

Како што се наближуваат топлите денови, девојките долгите ракави кои ги носеле во зимските денови со огромно задоволство ги заменуваат со куси, а голите раце ги разубавуваат со разни тренди алки и прстенчиња. Неизоставен дел од летната шема се и убаво средените нокти, кои делуваат уште пошик доколку се дизајнирани на уникатен начин, кој ќе ве направи забележителни и препознатливи.
.

5. Запознајте го бикот одблизу

Бикот е фиксен знак и како резултат на тоа, неговите претставници во животот се водат според практичноста. Биковите се најчесто стабилни личности, кои секогаш се трудат да останат во допир со реалноста. И покрај нивната тенденција кон тврдоглаво однесување, овие луѓе знаат да бидат лојални, нежни и посветени љубовни партнери.

———————————————————————————————————————————————————————

Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар