Топ 5 содржини за изминатата недела (07.02-13.02)

Сподели

Што најмногу се читаше на Кафе пауза минатата недела?

Топ 5 содржини за изминатата недела (07.02-13.02)

1. Најромантични филмски сцени на сите времиња

Расположени сте за малку романтика? Сакате да поминете ноќ со самите себе и на раат да ги полните марамчињата со солзи, додека истовремено правите гримаси пред телевизорот кои не се за пред други луѓе. Погледнете ги најромантичните сцени на сите времиња од кои срцето ќе ви затрепери, очите ќе ви се навлажнат, а душата ќе ви се исполни:

.

2. Запознајте ја водолијата однатре и однадвор

Водолиите како деца, ќе ги препознаете по нивното многу темпераментно, дури и брливо однесување. Во тинејџерските години овој хороскопски знак е впечатлив по неговиот „тренди“ стил на облекување, кој е сочинет од „вкусно“ искомбинирани уникатни парчиња облека и накит. Возрасните водолии пак, имаат страст за интелигентни дебати и се многу заинтересирани за мислите кои се кријат во мозоците на другите луѓе.

.

3. 5 чекори за совршени „зачадени очи“

„Зачадени очи“ (Smokey eyes) е техника на шминкање на очните капаци која девојките не ги остава рамнодушни, но ни момците. Погледнете како да ја совладате во пет едноставни чекори.

.

4. Песни кои ќе ве натераат да заиграте

Снегот се стопи, сонце не огреа и на сите веднаш ни се врати насмевката на лицето и енергијата во нашите тела. Ако сè уште не сте доволно размрдани и ви треба будење од „зимскиот сон“, тогаш вие сте на вистинското место. Ритамот на овие десет постари и понови весели песнички од различен жанр, ќе ве натера да станете и да почнете да „шизите“ низ вашата соба или да уживате лулкајќи се налево-надесно во прегратките на вашиот партнер. Во секој случај, вашето тело ќе има потреба да изреагира на неодоливиот ритам, а ваш е изборот да одлучите како ќе го манифестирате ефектот кој тие ќе го извршат врз вас.

.

5. 10 совети и трикови за тренинг на вашиот мозок

Иако постојано го користиме мозокот, сепак не секогаш правиме доволно за да го одржиме во добра форма. Еве 10 алатки со кои можете да го тренирате вашиот мозок и да правите редовни вежби за вашите ментални мускули:

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар