Најчитаните постови на Кафе пауза за изминатава година

Денес Кафе пауза ја дувна првата свеќичка на тортата. За сево ова време излегоа вкупно 1.535 постови, но некои од нив изгледа како никогаш да не стануваат стари и здодевни. Ги издвоивме 10-те постови кои најмногу ги читавте во текот на целата година.Најчитаните постови на Кафе пауза за изминатава година

1. 10 интелигентни животни лекции од Алберт Ајнштајн

Алберт Ајнштајн (14 март 1879 – 18 април 1955) бил германски теоретичар, физичар, филозоф, автор и една од највлијателните личности во светот. Покрај тоа што допринел многу за научниот свет, за што во 1921 година добил и Нобелова награда за физика за неговата работа во полето на теоретската физика, а особено за неговото откритие на фотоелектричниот ефект, тој објавил и 300 научни и 150 ненаучни дела. Тој се смета за таткото на модерната физика и најверојатно е најуспешниот научник кој некогаш постоел.10 интелигентни животни лекции од Алберт Ајнштајн

2. 35 нешта од кои вреди да се откажете во животот

Кога човекот престанува да трага по погрешните работи во животот, им дава шанса на добрите да се појават. Запомнете, грешките нè прават луѓе, неуспесите ни помагаат да созрееме, надежта ни дава кураж да продолжиме, а љубовта причина да живееме. Продолжете да учите, љубите и да уживате живеејќи. Никогаш не откажувајте се од себеси, но затоа…35 нешта од кои вреди да се откажете во животот

3. Заведете ја саканата личност според хороскопскиот знак

Нели би било одлично доколку секој од нас би знаел што точно го возбудува оној во кого сме лудо заљубени? На тој начин, голем број недоразбирања и фрустрации би се замениле со совршена комуникација, прекрасно љубовно искуство и одличен секс. Сè што треба да знаете за да бидете среќни во љубовната врска, е што на вашиот партнер му се допаѓа, а што не. Следува кратка анализа на хороскопските знаци, класифицирани во четирите астролошки елементи: оган, земја, воздух, вода.Заведете ја саканата личност според хороскопскиот знак

4. Кој не би сакал да учи во вакво училиште?

Државното средно училиште Фитзрој во Мелбурн, Австралија има долга историја. Тоа било затворено во 1992-ра, но било повторно отворено и комплетно реконструирано во 2004-та година, после 11-годишна борба од страна на родителите и жителите. Честа да бидат првите ученици кои ќе завршат во оваа фасцинантна градба, ја имале матурантите во 2009-та година.Кој не би сакал да учи во вакво училиште?

5. Додека бебето спие…

Мајката на оваа малечка принцеза, Адел Енерсен од Хелсинки, Финска, по професија e копирајтер и концепциски дизајнер во областа на маркетингот, која за време на породилното отсуство си смислила фантастично хоби.Додека бебето спие…

6. Секоја жена мечтае за…

Секое мало девојче фантазира за својата иднина. Каква жена ќе биде кога ќе порасне? Што би ја направило среќна? Ви откриваме неколку „скромни“ фантазии на девојките за кои тие размислуваат уште додека се деца.Секоја жена мечтае за...

7. Татко кој прави креативни фотографии од своите деца

Џејсон Ли (Jason Lee) е фотограф кој вообичаено ги фаќа најромантичните и најсреќните моменти од животите на луѓето – тој фотографира на свадби. Меѓутоа, посебна инспирација за неговата фотографија се неговите две ќерки од кои има направено неверојатно интересни и креативни уметнички дела.Татко кој прави креативни фотографии од своите деца

8. Астрологијата и првиот коментар после секс

Некои го сфаќаат сексот како нешто свето и возвишено, други на него гледаат како на добар метод за ослободување од стресот, додека трети чекаат да влезат во брак за да го искусат. Еве каков коментар може да очекувате од луѓето со различен хороскопски знак по сексуалниот чин.Астрологијата и првиот коментар после секс

9. Машко-женски хороскоп

Сте се запрашале ли некогаш зошто мажите со хорскопски знак вага се различни од жените ваги?  Или зошто мажот рак и жената рак не се „правени со истиот калап“? Тоа е така, бидејќи некои хороскопски знаци значително се разликуваат во зависност од полот,  додека кај други знаци и не се забележува некаква разлика.Машко-женски хороскоп

10. Животни цитати кои ќе ве замислат

Честопати не знаеме да ги цениме нештата кои ни изгледаат мали, а всушност тие се оние кои се највредни. Живееме лутејќи се и мразејќи се едни со други, не размислувајќи колку луѓе има во светот што не почувствувале топла рака врз себе. Мечтаеме за богатство и луксуз, не мислејќи дека тие се само привремени, а душата е она што треба да ни претставува најголемо богатство за кое треба да се грижиме.Животни цитати кои ќе ве замислат
———————————————————————————————————————————————————————

Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

  1. Ивана Reply

    Со ден задоцнување, но Среќен Роденден! :) Ви посакувам уште многу години исполнети со многу повеќе постови од оваа година. Останете си уникатни со информациите како што бевте до сега. Ми се допаѓа тоа што опфаќате различни теми и сите доволно интересни за првото утринско кафе! 😉 Многу научив од вас! Фала за сите постови!

    • Кафе пауза Reply

      Благодариме Ивана :)

Остави коментар