Точка на кулминација | Кафе пауза


Точка на кулминација

sakamknigi.mk ви подарува два примерока

Една киднапирана новинарка во пустините на Мексико… Пикната во багажникот на членови на крволочен картел чиј шеф сака да ја искористи убавата Американка за своите болни ритуали. Таа треба да заврши како и стотиците други девојки. Силувана, убиена, тело фрлено во пустината кое никој нема да го најде ниту препознае.

Еден командир со уништена тајна задача… Врзан и затворен во распадната црква/затвор среде пустината. Сам и помирен со смртта сè додека не го чуе ангелскиот глас на жената во ќелијата до него. Жената која немаше да биде тука ако тој успееше да ја заврши својата мисија. Жената која успеа да го спаси него наместо тој да ја спаси неа.

И сега… сега тој е решен да ја врати дома жива по секоја цена, макар и по цена на сопствениот живот. Бурно патешествие низ смртоносната пустина. Една жена со силна волја за живот… Еден маж кој изгубил сè што му значело… Една љубов која почнува да гори онаму каде што има останато само пепел…

Памела Клер меѓу своите фанови е позната по тоа што има способност навистина да ги оживее ликовите, таа знае со зборови да ве натера да ги почувствувате нивните болки, нивните стравови, нивната страст. Токму тоа го прави и во оваа книга.

Неизвесен трилер, жестока акција, бурна авантура, напната романса и уникатна смисла за хумор сплетена во најсериозните моменти – доколку го сакате сето тоа во едно, тогаш обидете се со овој бестселер!

Книгата можете да ја купите во повеќе книжарници низ Македонија или да ја нарачате преку имејл со испраќање порака на contact@sakamknigi.mk со што можете да добиете и бесплатна испорака до дома.

Сакам книги доделува 2 примерока. Твитнете ја оваа содржина преку копчето за Твитер или пак пишете коментар по желба преку додатокот за Фејбук. Не броиме лајкови, ниту број на твитови од ист корисник. Добитниците ќе ги избере Кафе пауза по случаен избор. Наградната игра трае до крајот на месец ноември.

*Подарокот може да се подигне секој работен ден, од 10 до 19 часот во Spaiva на ул. Водњанска (веднаш под Галија).