Звучник во форма на облак што лебди: Музичка бура за вашиот дом

Звучник во форма на облак што лебди: Музичка бура за вашиот дом

Дизајнерот Рочард Кларксон, познат по својата интерактивна ламба во форма на облак што може да донесе грмотевици во вашата дневна соба, овој пат ни претставува блутут звучник, маскиран како облак што лебди.

Звучник во форма на облак што лебди: Музичка бура за вашиот домЗвучник во форма на облак што лебди: Музичка бура за вашиот домЗвучник во форма на облак што лебди: Музичка бура за вашиот дом

Тој е создаден од бели, рачно направени меки полиестерски влакна, правејќи го секој модел целосно уникатен. Оваа неверојатна направа исто така има и магнети што му дозволуваат на облакот да лебди неколку сантиметри над базата. Најдобриот дел? Има вградено светла што реагираат на звук, па се создаваат различни реакции како громови или молњи, во зависност од самата музика. Тоа е исто како да имате музичка бура во вашата дневна соба!

Звучник во форма на облак што лебди: Музичка бура за вашиот домЗвучник во форма на облак што лебди: Музичка бура за вашиот дом

Овој звучник сега засега е само прототип, но се надеваме дека набрзо ќе излезе во продажба. Како ви изгледа вам? Би сакале ли да го имате во вашиот дом?


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар