Зошто паметните телефони се книгите од иднината?

Можеби смело предвидување, но според истражувањето на Forrester Research, продажбата на електронските книги е порасната за скоро 200% во 2009 година, а за 2010 се очекува да надмине заработка од 500 милиони долари, само во Америка.Зошто паметните телефони се книгите од иднината?Во јули оваа година, Амазон објави дека на секои 100 книги со тврди корици, летаат по 180 дигитални книги од нивните полици.

Мајк Шатцкин, главниот и извршен директор на Idea Logical Company која ги советува издавачите на книги да направат дигитална промена, вели дека за една декада, помалку од 25% од сите книги што ќе се продадат ќе бидат печатени. Но, како можеме да бидеме сигурни дека тие дигитални книги ќе се читаат на мобилен телефон?
.

1. Екраните стануваат се поголеми и поголеми

Една работа која ги одвраќаше луѓето од читање од нивните паметни телефони беше големината и квалитетот на нивните екрани. Но, екраните стануваат се попријатни за читање. Ќе спомнеме само некои телефони како Nokia N8 со 3.5-инчен дисплеј од стакло кое не се гребе или E7 со својот 4-инчен Clear Black Display. Со секоја нова иновација, читањето текст станува сè полесно за окото.Зошто паметните телефони се книгите од иднината?

2. Читање во движење

Вашиот паметен телефон можеби не е најдобриот уред за читање, но кога чекате автобус на станица или пак се наоѓате заглавени во сообраќајот, тоа е многу подобра опција отколку ништо. Навистина, има и други гаџети кои се посоодветни за таа намена, но наместо да носите со себе повеќе од еден, кој воедно би бил и поголем како e-Reader, зошто да не го употребите она што може да го собере во вашиот џеб? Книгите отсекогаш биле подвижно средство за забава. Паметните телефони само ги придвижуваат уште еден чекор понапред во истата насока.Зошто паметните телефони се книгите од иднината

3. Библиотека во вашиот џеб

Постојат фантастични апликации за обожавателите на читањето книги кои овозоможуваат пристап до стотици, па и илјадници наслови, достапни на различни места. eReader е најголемата светска продавница за електронски книги со дузина различни жанрови. Wattpad пак, не само што дава пристап до многу пишани дела, туку дава пристап и до самите автори, овозможувајќи им да се поврзуваат со нивните читатели.Зошто паметните телефони се книгите од иднината?

4. Најевтиниот начин за читање

Електронските читачи поевтинуваат, но тие и понатаму бараат голема инвестиција која си ја дозволуваат само лакомите читатели. Иако никој не купува паметен телефон за да чита книги од него, сепак, брка работа за оваа намена, па зошто едноставно да не го искористите? Ако на ова го додадеме фактот дека електронските книги се до 50% поевтини во однос на печатените изданија, со изборот на паметен телефон за оваа намена, можете сериозно да заштедите.

Зошто паметните телефони се книгите од иднината?

5. Преминете на дигитално или готово е со вас

Печатените книги постојат повеќе од 500 години, и покрај радиото, телевизијата и интернетот, тие набрзо ќе се најдат во истата корпа со касетите, дискетите и други слични историски технолошки производи. Но, издаваштвото се менува. Многу автори веќе го заобиколуваат традиционалното издаваштво и се посветуваат на издавање е-книги. Зошто? – Книгите се поевтини за изработка, полесно се дистрибуираат и се попрофитабилни за самите автори. Самите издавачи, во иднина ќе мора да се ориентираат кон дигиталното.Зошто паметните телефони се книгите од иднината?

Што мислите сега? Можете ли да замислите како го читате вашиот омилен роман или вашата омилена стручна литература од вашиот паметен телефон во иднина? Дали сега го правите ова? Ако не, кои се причините?

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

  1. капсаровб Reply

    Секако, но сепак во погелем дел тоа ќе му припадне на Tablet PC- јата

  2. Виктор (zuberot) Reply

    Еве една предлог апликација за читање на книги на вашиот паметен телефон http://mobile.komunikacii.net/07/2010/aldiko/

  3. Trajko Reply

    Мене ме болат очите кога читам од монитор, додека не ме болат кога читам од книга

Остави коментар