Вкупниот број на сите авиони ширум светот кои летаат во овој момент

Сте размислувале ли некогаш колку авиони во овој момент летаат над нас? Или пак, можеби колку авиони вкупно се во воздух околу целата планета? Одговорот на овие прашања можете многу брзо да го најдете на веб-сајтот „Flightradar 24“. Изненадени сте?Вкупниот број на сите авиони кои летаат во овој моментОсвен за забава, овој сајт е одличен и за следење на конкретни летови. Доколку некој ваш близок патува, можете да го најдете бројот на неговиот лет и во живо да го следите неговото движење од полетување, па сè до слетување. Доколку кликнете на конкретниот авион, веднаш ќе добиете информации за точното време кога полетал и за времето кога се очекува да слета. Меѓу другото, можете да ја дознаете висината на која се наоѓа, брзината со која се движи, како и патот кој веќе го поминал.


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Отсекогаш многу ја интересирала астрономијата и физиката, а животно мото ѝ е дека не смее да помине ни еден ден без танцување. Автор на книгата „На работ од времето“, првиот дел од трилогијата „Наследството на Вероника“.

Поврзани содржини

  1. Robert Reply

    Flight Radar 24 е супер страница, само треба да се знае дека не го дава „вкупниот број на сите авиони ширум светот„ во секој даден момент, туку ги покажува најголем дел од оние авиони кои се опремени со ADS-B транспонедери или имаат Mode S транспондери и летаат над 10.000 стапки. Башка и светската карта на Flight Radar 24 во најдобар случај (Европа) има 98% покриеност – на друите континенти е помалку… Значи, може да се каже дека Flight Radar 24 покрива 70%-80% од воздушниот сообраќај, но не и „вкупниот број на сите авиони“…

Остави коментар