Ултратенок гејмерски лаптоп со LCD-тачпад

Новиот Razer Blade е тенок само 2,24 см и релативно лесен, околу 3 кг. Но, причината поради која би го посакале е можноста за конфигурирање на OLED-копчињата на тастатурата и тачпадот, кој е воедно LCD-екран, што на гејмерите им отвора сосема нови начини за победа.Ултратенок гејмерски лаптоп со LCD-тачпадRazer Blade се очекува да излезе во последната четвртина од оваа година, а зад него стои компанија која е препознатлива во производството на гејминг-опрема со карактеристичен дизајн.Ултратенок гејмерски лаптоп со LCD-тачпадУлтратенок гејмерски лаптоп со LCD-тачпад Убавото лице на Razer Blade e прикажано преку 17-инчен екран. Во него пак, се спакувани:

  • дуал-кор i7 2640M процесор на 2.8GHz
  • 8 GB RAM
  • Nvidia GeForce GT555M 2GBit графичка картичка
  • обичен SATA хард диск од 320 GB (наместо да би имал solid-statе драјв).

Со оглед на понуденото, можеби ќе се запрашате зошто лаптопот би чинел 2.800 долари. Но, препуштете му ја причината на дизајнот.Ултратенок гејмерски лаптоп со LCD-тачпадУлтратенок гејмерски лаптоп со LCD-тачпадМини-екраните се претставени од 10 динамички адаптибилни копчиња оетливи на допир, при што секое претставува посебен OLED-екран, кој соодветно може да се кофигурира во која било игра.Ултратенок гејмерски лаптоп со LCD-тачпадУлтратенок гејмерски лаптоп со LCD-тачпадLCD-панелот со димензии 480 x 800 работи во два мода. Ако сакате да користите посебно глувче додека играте, наместо да се служите со тачпадот, мини екранот може да ви послужи како дополнителен дисплеј за прикажување на некои информации кои се дел од играта. Во вториот мод, малиот екран функционира како мулти-тачпад.

———————————————————————————————————————————————————————

Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар