Учете од најдобрите универзитети во светот: 15 бесплатни онлајн курсеви за водење бизнис

Онлајн курсевите се извонредна можност за надградување на сопственото знаење. Во последниот период тие станаа многу популарни поради нивната достапност: најчесто се бесплатни, а доволно е само да имате компјутер и да го разбирате јазикот на кој се предавањата. Некои од нив на крајот нудат и бесплатен сертификат, а кај некои сертификатот се плаќа. Доколку сакате сè да биде сосема бесплатно, можете да го проследите курсот без да добиете сертификат.

Ако имате желба да си ги надградите знаењата во областа на водењето бизнис, ние ви издвоивме 15 бесплатни онлајн курсеви од најдобрите универзитети во светот кои почнуваат во текот на октомври 2014 година. Сè што треба да направите е да се регистрирате на сајтот кој го нуди курсот, да се регистрирате на самиот курс за кој сте заинтересирани и потоа да чекате тој да започне. И да пропуштите да се регистрирате пред тој да започне, не е страшно. Можете да се приклучите во кој било период од неговото времетраење, со тоа што ќе можете да ги изгледате видеата и полека да фаќате тек со материјата од претходните недели. Па дури и да заврши, тој останува архивиран и пак можете да го следите. Ви треба само желба за учење.

Учете од најдобрите универзитети во светот: 15 бесплатни онлајн курсеви за водење бизнис

1. Раст: Одржлив развој на приватниот бизнис, прв дел (Grow to Greatness: Smart Grow for Private Business Part I)

Универзитет: Вирџинија

Почеток: 20 октомври

Потребно време: 5 недели, 4-6 часа работа секоја недела

Што ќе научите: Осознавајќи кои се најчестите предизвици со кои се соочува приватниот бизнис и како тие се решаваат, ќе научите како се стигнува до реален и одржлив раст на бизнисот.

Линк за регистрација

2. Која е твојата голема идеја? (What’s Your Big Idea)

Универзитет: Северна Каролина и Чапел Хил

Почеток: 6 октомври

Потребно време: 6 недели, 2-3 часа работа секоја недела

Што ќе научите: Курсот ќе ви ги даде неопходните алатки за спроведување на вашите идеи во практика, без разлика дали се работи за започнување на нов бизнис или за промени во општеството.

Линк за регистрација

3. Претприемништвото и семејниот бизнис (Enterpreneurship and Family Business)

Универзитет: РМИТ

Почеток: 20 октомври

Потребно време: 5 недели, 2-4 часа работа секоја недела

Што ќе научите: Основи на претприемништвото со акцент на спецификите кои се однесуваат на малите семејни бизниси.

Линк за регистрација

4. Вовед во маркетинг (An Introduction to Marketing)

Универзитет: Вортон

Почеток: 14 октомври

Потребно време: 9 недели, 5-6 часа секоја недела

Што ќе научите: Вортон го има најдобриот департман за маркетинг во светот. Овој курс е составен од три дела: брендирање, потрошувач и основни маркетиншки стратегии.

Линк за регистрација

5. Успешно преговарање: основни стратегии и вештини (Successful Negotiation: Essential Strategies and Skills)

Универзитет: Мичиген

Почеток: 6 октомври

Потребно време: 5 недели, 2-3 часа работа секоја недела

Што ќе научите: Курсот ги покрива сите неопходни вештини кои се потребни при преговарањето во бизнисот и воопшто во животот. Тој содржи четири делови: планирање, преговарање, креирање контакт и реализирање на контактот.

Линк за регистрација
За авторот
Го интересираат општествените науки и сето она што ја истражува повеќедимензионалноста на светот и човековото однесување, но од тоа само правото му е професија. Вљубеник во филмот, фотографијата, читањето и сите спортови на овој свет. Пишувањето му е задоволство кое му овозможува да биде во контакт со нив секој ден.

Поврзани содржини

Остави коментар