Што имате споделено на социјалните мрежи пред 365 дена?

Автор: Весна Јовановска

Се сеќавате ли што сè имате објавено на Фејсбук и на Твитер пред точно една година? А на Форсквер? На Инстаграм? Најверојатно не. Ако сте љубопитни да дознаете, „Timehop“ ќе ви помогне во тоа. Улогата на овој сервис е да ги врати сите информации објавени на социјалните мрежи, во изминатите 365 дена.Што имате споделено на социјалните мрежи пред 365 дена?Со што сте биле окупирани, за што сте пишувале, каде сте се движеле итн., ќе дознаете преку дневните имејл пораки кои секое сабајле ќе пристигнуваат во вашето сандаче. Но, најпрво треба да ги испратите вашите податоци, со кои ќе дозволите пристап до профилите што ги имате на разните социјални мрежи. Ако сте барем малку трпеливи, наредното утро ќе ви пристигне првиот имејл со вашите коментари, фотографии, муабети…

Идејата за оваа бесплатна услуга е на Бени Вонг и Џонатан Вегенер. Нивната цел е да се документира сè она што ќе го објавите на социјалните мрежи, со што во кое било време, ќе ви биде овозможено повторно да се вратите на некои ваши драги моменти споделени со пријателите. Сосема е неважно дали тоа ќе го сторите од носталгични или од какви било други причини.
———————————————————————————————————————————————————————

Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар