Шанса да го научите вашиот омилен странски јазик преку интернет

Најдобар начин да научите странски јазик е извесен период да престојувате во земјата во која тој се говори, преку директен контакт со луѓето таму. Но, за жал, ретко кој од нас може да си дозволи неколкумесечен престој во странство. Па, кога веќе мораме да ја отфрлиме оваа опција, а не ни оди со домашните курсеви, на ред веројатно би дошол интернетот, каде на располагање ни се неколку одлични сајтови за јазична размена.

Преку нив, лесно можете да стапите во контакт со некој кој течно го говори јазикот што сакате да го научите, и ако имате малку повеќе трпение, големи се шансите да го збогатите вашето CV. Ви издвоивме неколку од најдобрите сајтови.

Интернет шанса да го научите вашиот омилен странски јазик

1. LiveMocha – предничи пред останатите сајтови, бидејќи ја претставува најголемата интернет заедница за учење на сите јазици. Нуди бесплатни курсеви, кои можете да ги користите самостојно, но и да се поврзете со други корисници со кои ќе разговарате и ќе разменувате материјали.

Сè што треба да направите е богат профил на кој ќе ги наведете јазиците кои ги говорите и оние кои сакате да ги научите. Откако ќе го сторите тоа, сајтот ќе ви сугерира партнери за помош при учењето. Слободно можете да ги додадете за пријатели и да стапите во контакт со нив. Партнери за учење можете да побарате и помеѓу лицата кои ќе ги оценуваат вашите вежби.

Интернет шанса да го научите вашиот омилен странски јазик

2. Palabea – овој сајт служи исклучително за олеснување на јазичните размени. Преку него, можете директно да разговарате и да разменувате идеи. Кога ќе направите профил и ќе напишете кој јазик го учите, тргнете во потрага по огласите на другите корисници, кои исто така, бараат јазичен партнер. Можете да поставите и свој оглас и да почекате некој да одговори на вашата понуда за учење на јазикот. Сајтот е особено популарен кај тинејџерите.

Интернет шанса да го научите вашиот омилен странски јазик

3. Italki – станува збор за сајт кој нуди курсеви за странски јазици кои се наплатуваат. Но, истовремено овозможува и поврзување со јазични партери. Направите профил и побарајте го својот сроден партнер за учење.

Интернет шанса да го научите вашиот омилен странски јазик

4. Mixxer – и тука можете да направите профил и да поставите оглас во кој ќе побарате партнер за учење, кој течно го говори вашиот омилен јазик. Нивната заедница не е баш најбројна, но можеби токму тука ќе го најдете партнерот кој најмногу ви одговара и ќе успеете да го совладате јазикот што сте го избрале.

Интернет шанса да го научите вашиот омилен странски јазик

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Минималист ;)

Поврзани содржини

  1. Snezana Kotevska Reply

    stranski jazik angliski

  2. Snezana Kotevska Reply

    bravo za vasata idea ucenje na stranski jazik

  3. igor Reply

    pojma nemam

  4. icvhu Reply

    super e ova livemocha. :DDDD

  5. Jasmina Reply

    Moja preopraka e duolingo, fenomenalna aplikacija za sovladuvanje na stranski jazik za brzo vreme :)
    http://www.duolingo.com

Остави коментар