Роботот HRP-4C кој има убав вокал, научи и да танцува

Настапот на човеколикиот робот од женски род HRP-4C, изработен од страна на јапонскиот Национален институт за напредна индустриска наука и технологија, ги освои насловите во медиумите ширум светот, во март 2009-та година. Неговата нова верзија му овозможува и да танцува, и да пее поприродно.

Роботот HRP-4C кој има убав вокал, научи и да танцуваДелејќи ја сцената со 4 девојчиња, човеколикиот женски робот висок 155 cm, ги покажа своите таленти на натпреварот за дигитални изложби во Токио, кој траеше од 14-ти -до17-ти октомври, 2010-та година. HRP-4C знае и да отпее одредена листа песни, а во слободното време се перчи со својот „мачкин од“.

Роботот HRP-4C кој има убав вокал, научи и да танцуваРоботот е дизајниран да личи на просечна Јапонка, на возраст од 19 до 29 години. Во телото има 30 мотори кои ѝ овозможуваат да чекори, да ги движи рамената и да направи дури 8 фацијални експресии. На тој начин, овој женски робот може да намигнува, да се насмее, да покаже израз на лутина, изненадување, восхит, а очигледно умее и да се однесува како поп ѕвезда.

Роботот HRP-4C кој има убав вокал, научи и да танцуваРоботот HRP- 4C кој има убав вокал, научи и да танцуваНа перформансот роботот играше и пееше песна од Kaori Mochida, придружуван од 4 реални танцувачки. Усните на HRP-4C се синхронизирани со пеењето, а движењата ги осмисли танчарката и кореограф SAM-san.

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар