Прстен кој ја претвора вашата дланка во далечински управувач

Отсекогаш сме ги користеле рацете за да ракуваме и управуваме со предметите околу нас. Но, технологијата многу напредна и нѐ направи приврзани за многу уреди, па често не можеме да замислиме да го поминеме денот без одредени апликации на мобилниот телефон. И не е само мобилниот. Многу уреди станаа паметни, па затоа ни треба и паметен начин да управуваме со нив.

1-prsten-koj-ja-pretvora-vashata-dlanka-vo-dalechinski-upravuvach-kafepauza.mk 2-prsten-koj-ja-pretvora-vashata-dlanka-vo-dalechinski-upravuvach-kafepauza.mk

Фин е паметен прстен кој природните движења и гестикулации со рацете ги конвертира во команди за уредите околу нас. Со фин, можете да ги менувате каналите на телевизорот, да менувате песни додека џогирате, да го користите како контролер при играње видеоигри, да се фотографирате од далечина и уште многу повеќе.

3-prsten-koj-ja-pretvora-vashata-dlanka-vo-dalechinski-upravuvach-kafepauza.mk 4-prsten-koj-ja-pretvora-vashata-dlanka-vo-dalechinski-upravuvach-kafepauza.mk

Се поврзува со уредите преку блутут, при што секое движење со секој прст од дланката добива посебна функција.

5-prsten-koj-ja-pretvora-vashata-dlanka-vo-dalechinski-upravuvach-kafepauza.mk

Уредот може да се нарача за 120 долари од официјалниот веб-сајт. Доколку се мислите дали вреди оваа инвестиција, погледнете го видеото на крајот. Можеби Фин е токму гаџетот кој го баравте.

6-prsten-koj-ja-pretvora-vashata-dlanka-vo-dalechinski-upravuvach-kafepauza.mk 7-prsten-koj-ja-pretvora-vashata-dlanka-vo-dalechinski-upravuvach-kafepauza.mk 8-prsten-koj-ja-pretvora-vashata-dlanka-vo-dalechinski-upravuvach-kafepauza.mk 9-prsten-koj-ja-pretvora-vashata-dlanka-vo-dalechinski-upravuvach-kafepauza.mk 10-prsten-koj-ja-pretvora-vashata-dlanka-vo-dalechinski-upravuvach-kafepauza.mk




Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар