Проѕирен телевизор

Од црно-бели и мали, па поголеми и масивни, до огромни, а сепак тенки, дизајнот и формата на телевизорите значително се менуваше низ годините, паралелно со технологиите на кои тие се базираат. Најновото нешто што може да направи значителна разлика во начинот на кој телевизорот се доживува е Loewe Invisio – невидливиот телевизор кој се претопува во околината на домот.

Проѕирен телевизор

Дизајниран од Michael Friebe, невидливиот телевизор влезе во селекција за наградите IF Concept Design 2011, меѓународен натпревар за професионалци од  областа на дизајнот, архитектурата, маркетингот и инженерството.

Проѕирен телевизор

Телевизорот е секако невидлив додека не се користи, инаку не би можел да ја остварува својата основна функција – да прикажува подвижни слики. Претставува чиста стаклена површина која ќе овозможи задржување на визуелно непроменета состојба во собата во која се наоѓа.

Проѕирен телевизор

„Како прв од овој тип, Loewe Invisio претставува техничка иновација, комбинирајќи ја вообичаената LCD со најновата технологија на екрани – TOLED. Ова овозможува да се создава непроѕирна површина со подвижни слики, јака репродукција на бои и целосен контраст од мрак црна до беспрекорно бела боја“, изјавува креаторот.

Проѕирен телевизор


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар