Поминувајќи ја границата на проширената реалност

Возењето во сопствениот автомобил претставува парадокс. Од една страна ја имаме слободата самоиницијативно да тргнеме и застанеме каде сакаме, кога сакаме и на кој начин сакаме. Од друга страна, пак, гужвите во сообраќајот ја ограничуваат таа слобода. Зошто тогаш, нервозата, гужвите и нетрпението да не се заменат со едно ново искуство и да го направат патот од една до друга дестинација интерактивен, богат со информации, надвор од границите на реалноста каква што ја познаваме?!Поминувајќи ја границата на проширената реалностГугл веќе работи на развојот на самоуправувачки автомобили, но ако вниманието на возачот повеќе не треба да е 100% фокусирано на сообраќајот, тогаш што би правеле возачите зад воланот?!Поминувајќи ја границата на проширената реалностПроектот Аеон претставува мудро исцрпување на спојот на мобилноста и 3Д апликациите. Концепт-проектот е реализација на Микаел Харбоун и Dassault Systems кои ја освоија првата награда за најдобар дизајн и комуникација на годинешната конференција за компјутерска графика Imagina. Поминувајќи ја границата на проширената реалностАеон го инкорпорира системот за навигација и контролирањето преку интерактивен дисплеј, додека истовремено овозможува учење преку интеракција. Апликациите кои се проектираат на шофершајбната, овозможуваат доближување до одредени градбени објекти и информирање за нив замавнувајќи со прстите.Поминувајќи ја границата на проширената реалностПоминувајќи ја границата на проширената реалностАеон може да преминува од проширена во мешана, до виртуелна реалност, овозможувајќи му на корисникот да премине од информации базирани на текст, во интеграција со 3Д просторот до комплетно виртуелно искуство. Корисникот сам избира колку сака да види или доколку не сака, може да „сврти нова празна страница“ и едноставно да се опушти медитирајќи.Поминувајќи ја границата на проширената реалностАпликациите даваат можности за информирање на сè што е околу нас, но не само за околните архитектонски градби, туку и за температурите, активностите на нашите пријатели во близина и сл. Слободата се состои и во тоа што секој може да ги создава апликациите, па можностите стануваат неисцрпни.Поминувајќи ја границата на проширената реалностДодека виртуелноста стане дел од нашето секојдневие со помош на која ќе ги регулираме нашите редовни обврски, еве како Аеон планира да го промени корисничкото искуство на возачите.

———————————————————————————————————————————————————————

Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

  1. Tole Reply

    ushte ova treba i site kao foki da se napravat 😛

Остави коментар