Паметен ремен за вашето куче

Овој многу интересен додаток за ремен за кучиња е продукт на компанијата „Whistle“ од Сан Франциско. Откако ќе го закачите на ременот на вашето куче, тој прави мониторинг на секаков вид податоци базирани на расата, тежината и староста на кучето. Направата собира информации за тоа колку кучето се движи, колку си игра и колку време поминува спиејќи во текот на денот. Дополнително следи и дали кучето покажува знаци на абнормално однесување, за сопствениците да можат да преземат нешто за општото здравје на миленикот.Паметен ремен за вашето кучеПаметен ремен за вашето кучеСопствениците можат да го надгледуваат своето куче преку нивните паметни телефони. Тие исто така можат да му поставуваат цели и да го следат прогресот во текот на денот. Апликацијата го покажува дневниот напредок во активностите на кучето, колку пати успеало да ја оствари целта, како и во кој ден од неделата било најактивно. Важните податоци потоа можат да бидат споделени со ветеринарот, за да се предвидат какви било потенцијални проблеми со здравјето на кучето.Паметен ремен за вашето куче Паметен ремен за вашето куче

„Веруваме дека врската со нашите миленици е една од најважните кои ги имаме во животот и подоброто разбирање на нивното здравје е критично за зацврстување на таа конекција“  – велат од компанијата.

Од компанијата мислат дека преку подобрување на благосостојбата на кучето, не само што може да се зацврсти врската со него, туку може и да му се продолжи животот за некоја година. Погледнете го видеото и дознајте нешто повеќе за овој продукт.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Дипломиран новинар со широк спектар на интереси. Љубител на ТВ серии, фудбал и Цедевита. Статистичар по природа и страстен фан на Јувентус и Роџер Федерер.

Поврзани содржини

Остави коментар