Овошни часовници за подобро расположение

Што велите за нешто различно, освежувачко, забавно и модерно на вашиот рачен зглоб? Ако сте за, вам дефинитивно ќе ви се допаднат часовниците Fruitz.Овошни часовници за подобро расположение
Концептот за овие часовници се појави во 2007 година, со цел креирање на колекција модерни, забавни часовници во боја кои можат да влијаат на расположението и чувствата преку т.н. технологијата на природна фреквенција.Овошни часовници за подобро расположение
Часовниците добија огромно внимание од јавноста. Тие предизвикаа позитивни реакции од многу модни и здравствени организации и беа тема во познатите списанија како Вог, Ел, Гламур, Прада итн, каде беа промовирани како часовници од кои ќе искусувате помалку стрес, подобар сон и подобрена фокусираност.
Овошни часовници за подобро расположениеНосејќи часовник Fruitz, му кажувате на светот кои сте, на начин што кај другите ќе предизвикувате да ве забележат и да ви се насмевнат. Кул и шарени, овие часовници одлично ќе се вклопат во вашиот стил.Овошни часовници за подобро расположение
Истовремено, како што телото на човекот има придобивки од витамините кои ги внесува преку овошјето, науката вели дека може да се постигнат исто толку придобивки при носење овошен часовник, базиран на технологијата на природна фреквенција. Оваа технологија всушност се поврзува со индивидуалниот биоритам и енергетското поле на оној којшто го носи часовникот. Таа му кажува на телото да се релаксира, изложувајќи го вашето био-поле, главното енергетско поле кое ги регулира функциите на телото, на главните фреквенции и информации.
Овошни часовници за подобро расположениеОвие часовници можат да ве опуштат и смират, како и да го намалат нивото на стерс. Едно клиничко истражување вели дека учесниците кои носеле уреди со оваа технологија искусиле поживи соништа, се чувствувале посвежи наутро, побрзо заспале и помалку се буделе од оние кои не носеле такви уреди.
Овошни часовници за подобро расположениеЛуѓето кои секој ден носат часовници Fruitz потврдуваат дека подобро спијат, помалку се нервираат, пофокусирани се, имаат зголемена концентрација и подобро се чувствуваат во целост.
Овошни часовници за подобро расположениеПа, кој е за часовник од Fruitz? Кое овошје би го избрале за вашиот стил? Грозје, банана, лубеница, портокал… или можеби некој егзотичен коктел? Понудата е голема – изберете го вашиот часовник.
За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар