Nikon D3100 – вистински избор за идните фотографи

Nikon D3100 – вистински избор за идните фотографи

Најновиот драгоцен камен со кој Никон ја збогати својата линија на дигитални SLR фотоапарати за почетници е моделот „Nikon D3100“.

Тој се карактеризира со неколку секси својства меѓу кои и со целосна поддршка за видео снимање со висока дефиниција (HD), што не е случај со другите апарати од овој паричен ранг. „Nikon D90“ беше прв апарат кој вклучуваше снимање со висока резолуција на 720 пиксели, но новиот ѕвер од овој производител се карактеризира со целосна поддршка за видео снимање со HD квалитет од 1080 пиксели, со автоматски фокус и со дедицирано копче за контрола.

(1) Nikon D3100 – вистински избор за почетниците во професионалното фотографирање

(2) Nikon D3100 – вистински избор за почетниците во професионалното фотографирање

Од друга страна пак, D3100 содржи надграден сензор од 14.2 мегапиксели и подлабок ISO ранг за фотографирање во услови на слаба светлина. Апаратот има екран од 3 инчи кој овозможува преглед во живо со поголема флексибилност во однос на своите браќа-претходници „Nikon D40“ и „Nikon D60“.

И за крај, најдобрата вест. Цената на ова скапоцено чедо на технологијата изнесува само 699 американски долари, за што добивате кит од тело + леќа. Па ако долго време размислувате да почнете да се занимавате со професионална фотографија, сега е вистинското време за да го направите вистинскиот чекор – купете си го Nikon D3100.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

  1. невена Reply

    отприлика колку пари е?

  2. ana Reply

    28 000/29 000 tuka se dvize

Напиши одговор на невена Откажи одговор