Никогаш повеќе не губете ги вашите ствари

Колку пати сте посакале да им титнете на клучевите брзајќи да излезете од дома? Кога не можете да си го најдете мобилниот телефон е лесно, треба само да му титнете со помош на друг. Но што кога ќе ги загубите вашите клучеви, паричникот, чантата? Со Cobra Tag можете да се спасите од губење на вашите вредни предмети, кои често ги затурувате и не можете да ги најдете.Никогаш повеќе не губете ги вашите ствариСензорот се прикачува на предметот кој сакате да го заштитите од понатамошно губење. Тој потоа комуницира со апликацијата која се инсталира на вашиот мобилен телефон, која ќе ве потсети ако некој од предметите го оставите заборавен зад себе. Никогаш повеќе не губете ги вашите ствариУредот е всушност двонасочен пронаоѓач. Можете да ги користите копчињата на Cobra Tag за да му заѕвоните на вашиот паметен мобилен телефон. Исто така, доколку го барате заштитениот предмет, употребете ја апликацијата за да му заѕвоните нему. Никогаш повеќе не губете ги вашите ствариВоедно, за да си ги заштитите податоците на вашиот телефон, апликацијата PhoneHalo, може да се нагоди да го заклучува автоматски кога тој ќе се најде на оддалеченост од заштитениот предмет. Никогаш повеќе не губете ги вашите ствариЗадоволството чини 60 долари. Признајте, колку долго посакувавте нешто вакво?

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

  1. Angela Reply

    Kako moze da napishete STVARI?? Ova e javna interenet stranica, literaturna makedonski treba da se pishuva!

Остави коментар