Неверојатно 3Д пенкало кое црта во воздух

Сте посакале ли некогаш да го кренете пенкалото од хартијата и да гледате како вашиот цртеж се претвора во реален тридимензионален објект? Епа сега можете!

Неверојатно 3Д пенкало кое црта во воздух

3Doodler“ е 3Д револуционерно пенкало коешто црта во воздух. Работи со ABS пластика (материјал којшто се употребува во многу 3Д печатачи), а може да црта во воздух или на некаква површина. Едноставно е за употреба и не му е потребен компјутер или софтвер за да работи. Едноставно приклучете го во струја и за неколку минути нацртајте сѐ што сакате! Доколку знаете да чкртате, цртате или едноставно да го мрдате прстот низ воздухот, тогаш ќе знаете и да го користите 3Doodler.

Неверојатно 3Д пенкало кое црта во воздух

Ова пенкало умее да црта во воздух, на начин што од врвот истиснува загреана пластика, која многу брзо се лади и се претвора во цврста и стабилна структура. Ова ви овозможува да градите бесконечно многу разни 3Д форми со леснотија.

Со ова неверојатно пенкало можете многу едноставно да креирате разни артистички дела. Доколку сте артист или едноставно онака, од хоби сакате да создавате нешто убаво со вашите раце, ќе посакате ова пенкало веднаш да го имате!

Неверојатно 3Д пенкало кое црта во воздухНеверојатно 3Д пенкало кое црта во воздух

Што можете да создавате со „3Doodler“?

Постојат разни начини на кои можете да го користите ова пенкало. Можете да го користите за креирање на рамни површини кои потоа лесно се одлепуваат од парче хартија, за фристајл 3Д објекти или за засебни парчиња, кои потоа лесно можат да се спојат со помош на пенкалово. Еве што се можете да создадете:

  • Основни 3Д форми и 3Д макети
  • Накит, приврзоци и лампиони
  • Декоративни предмети и магнети за фрижидер
  • Персонализација на секојдневните предмети (футроли за Ајфон, лаптопи, пенкала итн.)
  • Мини Ајфелова кула и што ли уште не…

3Doodler работи на секаква површина, вклучително и на пластична, а освен за декорирање и за забава, може да се употребува и за некои ситни поправки на предметите низ вашиот дом. Пенкалото чини 75 американски долари, а негови основачи се Питер Дилворт и Mакс Бoуг.


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Љубопитна новинарка со истражувачки дух, во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, без испеана песна и без малку возбуда не треба да ѝ помине ниту еден ден. Се релаксира со фина музика, длабок филм или прошетка во природа во добро друштво. Верува дека добриот совет и астрологијата ѝ помагаат да се разбере себеси и светот околу неа. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

Остави коментар