Немате поим дека слушалките на вашиот ајфон можат да прават вакви трикови

Немате поим дека слушалките на вашиот ајфон можат да прават вакви трикови

Имате ајфон. И сега што? Ако веќе сте платиле неколку стотици долари за оваа симпатична играчка, подобро да ги искористите нејзините функционалности докрај. Слушалките кои доаѓаат во комплет со телефонот кријат неколку интересни трикови кои е практично да ги знаете.

nemate-poim-deka-slushalkite-na-vashiot-ajfon-mozhat-da-pravat-vakvi-trikovi-kafepauza.mk

1. Притиснете го еднаш средното копче за да пуштите песна од вашата апликација за музика.

2. Притиснете го уште еднаш за да ја паузирате песната што свири.

3. За да прејдете на следната песна, притиснете го средното копче двапати.

4. Ако го притиснете средното копче трипати, ќе ве врати на почетокот на песната или на претходната песна.

5. За да ја премотате песната напред, двојно кликнете и задржете го средното копче на вториот клик.

6. За да премотате назад, кликнете го средното копче трипати и задржете на последниот клик.

7. За да примите повик само притиснете го средното копче еднаш.

8. При повеќе дојдовни повици, можете лесно да се префрлите на другиот и да го ставите првиот јавувач на чекање со притискање на средното копче еднаш.

9. Ако не сакате да го примите вториот повик само притиснете го средното копче и задржете 2 секунди.

10. За да завршите повик, само пристигнете го еднаш средното копче.

11. Ако сакате да го игнорирате повикот, притиснете го и задржете го средното копче што ќе го пренасочи повикот на вашата говорна пошта.

12. Ако ви треба помош од Сири, активирајте ја со притискање и задржување на средното копче.

13. Направете фотографија од себеси со притискање на кое било од копчињата за контрола на гласноста.

Погледнете го видеото за да ги видите овие трикови во акција.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар