Научниците во пресрет на револуционерно откритие: Батерија за телефон која се полни само неколку секунди?

Повеќето корисници на паметни телефони по неколку месеци употреба се соочуваат со ист проблем – сѐ почесто и почесто посегнување кон полначот. Сепак, научниците од универзитетот во централна Флорида се сѐ поблиску до неверојатно откритие. Тимот научници развил нов процес за изработка на флексибилни суперкондензатори кои чуваат повеќе енергија и може да се полнат повеќе од 30.000 пати без некое позначајно оштетување.

Научниците во пресрет на револуционерно откритие: Батерија за телефон која се полни само неколку секунди?

Новиот метод на универзитетскиот центар за технологија и нанонаука би можел да биде револуционерен во технолошка смисла и за мобилни телефони и за електрични возила. Научниците велат дека доколку батериите би се замениле со овие суперкондензатори, би можеле да наполните мобилен телефон за неколку секунди и не би ви бил потребен полнач повеќе од една недела. Сите кои имаат паметни телефони ќе го препознаат овој проблем: По отприлика 18 месеци, функцијата на батеријата почнува да опаѓа и ќе морате сѐ почесто и почесто да ја полните. Научниците ја анализирале употребата на наноматеријалите со цел да ги подобрат суперкондензаторите кои од друга страна би можеле да ги подобрат, па дури и да ги заменат батериите во електричните уреди. Тоа е малку незгодно, затоа што суперкондензаторот кој би задржувал онолку енергија колку и литиум-јонската батерија, би требало да биде многу, многу поголем.

„Постои проблем во начинот на кој луѓето ги вметнуваат овие дводимензионални материјали во постоечките системи – тоа е тесно грло во оваа област. Имаме развиено едноставен пристап на хемиска синтеза, за да можеме убаво да ги интегрираме постоечките материјали, со дводимензионалните“, вели професорот Јеонвунг Јунг.

Научниците во пресрет на револуционерно откритие: Батерија за телефон која се полни само неколку секунди?

Неговиот тим има развиено суперкондензатори составени од милион жици со нанометарска дебелина кои се обложени со двонимензионален материјал. Високо проводното јадро овозможува брз пренос на електроните за брзо полнење и празнење, а рамномерно обложените обвивки со дводимензионални материјали се висок пренос на енергија и моќност на густина. Научниците веќе знаеле дека дводимензионалните материјали имаат голем потенцијал во примената за складирање енергија, но сѐ додека не бил развиен процесот за интегрирање на овие материјали, не постоел начин тој потенцијал да се реализира.

„За малите електронски уреди, нашите материјали ги надминуваат оние конвенционалните во поглед на густината на енергија, моќта и цикличната стабилност“, вели Нитин Чаудхери.

Цикличната стабилност дефинира колку пати батеријата може да се наполни и испразни пред да почне да ја губи нејзината функција. На пример, литиум-јонската батерија може да се полни помалку од 1.500 пати, пред да биде значително оштетена. Последните создадени суперкондензатори со дводимензионални материјали може да се полнат неколку илјадници пати. Суперкондензаторите кои користат нови материјали би можеле да бидат употребени на телефоните и другите електронски уреди, како и кај електричните возила, што би можеле да донесат придобивки во поглед на брзината и силата. Затоа што се флексибилни, тие би можеле да придонесат и за значаен напредок во технологијата.

За авторот
Економист во изградба, а страстен обожавател на пишаниот збор уште откако знае за себе. Смета дека животот без домашно милениче не изгледа комплетен, а кафето со многу шеќер го смета за едно најубавите утрински задоволства.

Поврзани содржини

Остави коментар