Научниците тврдат дека би можеле да станеме бесмртни за 17 години

Научниците тврдат дека би можеле да станеме бесмртни за 17 години

Компаниите како Гугл инвестираат милиони во истражувања за вечен живот. Покрај сите откритија, научниците се соочени и со многу предизвици. Бесмртноста ги фасцинира луѓето со илјадници години. Стравот од смртта ја поттикнува желбата за вечен живот, па луѓето отсекогаш барале еликсири или лекови кои ќе им го продолжат животот.

Истражување во тек

Научниците тврдат дека би можеле да станеме бесмртни за 17 години

Идејата за бесмртност е толку волшебна што модерните наука и медицина можеби се поблиску до решение од кога било. На пример, во Северозападниот Универзитет во САД, научниците откриле како да го исклучат генот што предизвикува стареење. Но, сè уште не го направиле тоа со луѓе, само со црви. Се разбира, чекорот од црви кон луѓе е голем, но ова откритие е навистина важно. Друго постигнување е оживувањето на глувци со инфузија на крв од млади глувци. Истражувачите сметаат дека оваа процедура можеби би работела и на луѓе. Силициумската долина исто така е вклучена во оваа наука, а зад истражувањата стојат некои навистина големи имиња.

Придонес од целиот свет

Научниците тврдат дека би можеле да станеме бесмртни за 17 години

Многу пари се вложуваат во истражувањето на бесмртноста, а вложуваат и многу познати личности:

  • Лери Елисон: Еден од најбогатите луѓе на Земјата и основач на Оракл.
  • Сергеј Брин: Коосновач на Гугл и на фондацијата Калико чиј фокус е здравјето и долговечноста.
  • Обри де Греј: Научник и истражувач, основач на многу истражувања за регенеративна медицина.

Овие познати луѓе признале дека им е страв од стареењето и смртта, па инвестираат да пронајдат лек за овој навидум неизбежен исход.

7 причини за смрт

Научниците тврдат дека би можеле да станеме бесмртни за 17 години

Научникот и авторот на „Крај на стареењето“ (Ending Aging), Обри де Греј, работи на стратегија да ја отстрани смртта од нашите гени. Моментално работи на 7-те нешта кои предизвикуваат стареење на клеточно ниво:

  • Мутација на јадрото/епимутација: Мутации кои може да предизвикаат рак.
  • Мутација на митохондријата: Делови од нашите клетки кои се важни за производство на енергија.
  • Отпад во клетката: Протеини кои не се правилно „дигестирани“ од нашите клетки.
  • Отпад надвор од клетката: Протеини кои се таложат надвор од клетките. На пример, мозокот на пациентите со Алцхајмерова болест.
  • Губење клетки: Клетки кои не можат да се регенерираат сами.
  • Клеточно стареење: Кога клетките ја губат способноста за делба.
  • Екстраклеточни вкрстени врски: Губење на еластичноста на клетките и на ткивата.

Модерната наука за бесмртноста и 5 начини за постигнување на истата

Научниците тврдат дека би можеле да станеме бесмртни за 17 години

Идејата за бесмртност нè воодушевува и денес, па имаме многу филмови, серии и книги кои ни покажуваат како би изгледало тоа. Истражувачот од Универзитетот во Аризона, Волфганг Финк изјавил:

„Сметам дека бесмртноста ќе дојде од биолошкиот сектор. Со спречување на смртта на клетките и стареењето, зачувување преку криогеника или донатори, можеме да го продолжиме животот.“

Еве ги 5-те начини на кои научниците веруваат дека можеме да постигнеме бесмртност:

  • Отклучување на моќта на гените: Кога ќе ја решат мистеријата на гените, научниците можеби ќе го пронајдат генот на бесмртноста и ќе го „пресадат“ кај луѓето.
  • Клонирање: Клонирање делови од телото за заменување на цело човечко суштество. Клонирањето се верува дека е дел од огранокот за бесмртност и е најнапредно.
  • Криогеника: Овде повеќе станува збор за зачувување на организмот. Болните луѓе може да бидат замрзнати сè додека не се пронајде лек за нивната болест.
  • Сајбер мозок: Вашето тело можеби ќе исчезне, но вашиот ум може да биде прикачен на хард диск и да стане бесмртен. Главниот играч во оваа идеја е проект наречен Русија-2045 и тврдат дека ова ќе биде возможно за само 17 години.
  • Поправање на клетките: Нано технологијата исто така еволуира, па можно е сите модификации и третмани на нашето тело да бидат изведувани од нанороботи. Можеби тие ќе можат да ги заменуваат клетките кои умираат со нови.

Вечен живот преку медитација?

Научниците тврдат дека би можеле да станеме бесмртни за 17 години

Дали сте слушнале за Даши-Доржо Итигелов? Тој е будистички лама роден во 1852-ра година. Се верува дека сè уште е во медитативна состојба и дека не е мртов. Причината за овие шпекулации се начинот на кој умрел. Тој им рекол на неговите пријатели свештеници да го започнат процесот на медитација и погребните ритуали додека седел во лотус положба, тврдејќи дека наскоро ќе умре. Тој никогаш не се „разбудил“ од оваа медитација и до денес седи во истата лотус положба и изгледа како да е имун на секаков знак на распаѓање. Луѓето веруваат дека е во хибернација или во некоја состојба како нирвана.

Можеби медитацијата не може да ни подари вечен живот на сите, но постојат некои придобивки од неа:

  • Ослободување ендорфин
  • Намалување на стресот
  • Подобрување на сонот
  • Ослободување од болка
  • Намалување на крвниот притисок

Сите овие работи имаат позитивен ефект на вашата долговечност.

Стогодишници

Научниците тврдат дека би можеле да станеме бесмртни за 17 години

Низ историјата неколку мажи и жени живееле навистина долг живот.

  • Џин Камент (1875-1997), живеела 122 години и 164 денови.
  • Шигечио Изуми (1865-1986), живеел 120 години и 237 денови.
  • Сара Деремер Кнаус (1880-1999), живеела 119 години и 97 денови.
  • Луси (Терел) Хана (1875-1993), живеела 117 години и 258 денови
  • Мери Луис Феброни (1880-1998), живеела 117 години и 230 денови.

Некои од стогодишниците кои се живи се вегетаријанци, некои јадат многу место и пијат многу вино, некои се пушачи, многумина сакаат чоколадо и многу не сакаат да вежбаат. Но она што им е заедничко е тоа што се среќни и смирени. Па веројатно треба да се држите до тоа додека научниците се обидуваат да го пронајдат еликсирот за бесмртност.

Погледнете и некои „совети“ за бесмртност од древните митови.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар