Најмалиот фотоапарат во светот голем колку џамлија

Овој фотоапарат е толку мал, што ќе помислите дека не може да го фати во кадар ни врвот од вашиот прст и е дефинитивно многу лесен за губење. Но, пред да го измислат овој микроскопски уред кој е достапен во продажба, креаторите очигледно верувале дека добрите работи доаѓаат во мали пакувања.Најмалиот фотоапарат во светот голем колку џамлијаНајмалиот фотоапарат во светот голем колку џамлијаМинијатурната камера со површина од 2,54 см², може да направи фотографии од 2 мегапиксели и може дури и да снима видео. Неговите креатори од Њујорк, убедуваат дека уредот од 28 грама работи совршено добро, без разлика што е голем колку врвот од прстот.Најмалиот фотоапарат во светот голем колку џамлијаМини-камерата е произведена од американската фирма „Hammacher Schlememr“, која на полиците го продава за 99,95 долари.

Генералниот директор на „Hammacher Schlememr“, Фред Бернс вели
.

„И покрај тоа што најмалиот фотоапарат во светот е малку поголем од џамлија, сепак прави фотографии и снима видеа исто како повеќето фотоапарати со нормална големина. Тоа е извонредно парченце уред, кое очекуваме да стане многу популарно во јавноста.“

Најмалиот фотоапарат во светот голем колку џамлијаНајмалиот фотоапарат во светот голем колку џамлија.

„Фотоапаратот има ремче за да го носите околу рачниот зглоб, при што се олеснува неговата преносливост.“ – додава тој

Најмалиот фотоапарат во светот голем колку џамлија

Најмалиот фотоапарат во светот може да прави фотографии во JPEG формат со резолуција од 1600 x 1200 мегапиксели, има автоматски фокус и може да снима видеа со 30 фрејма во секунда во AVI формат, со резолуција од 640 x 480 мегапиксели. Сето тоа се складира на мемориска картичка microSD од 2GB, но прифаќа и мемориски картички со големина до 32GB. Исто така, тој може да се поврзе со компјутер преку УСБ кабел, исто како секој друг фотоапарат.Најмалиот фотоапарат во светот голем колку џамлијаМини-апаратчето е одлично за шпионирање и „ловење“ интересни „фотки“ додека никој не ве гледа. :) Но, ако веќе планирате шпионски да фотографирате, подобро побрзајте, зашто батеријата на апаратот трае 30 минути, после едночасовно полнење.Најмалиот фотоапарат во светот голем колку џамлија

———————————————————————————————————————————————————————

Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Љубопитна новинарка со истражувачки дух, во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, без испеана песна и без малку возбуда не треба да ѝ помине ниту еден ден. Се релаксира со фина музика, длабок филм или прошетка во природа во добро друштво. Верува дека добриот совет и астрологијата ѝ помагаат да се разбере себеси и светот околу неа. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

Остави коментар