Најдобрите бесплатни креатори на веб-сајтови

Најдобрите бесплатни креатори на веб-сајтови

Во последно време стана доста популарно да се користат различни креатори на веб-сајтови. Тие нудат готови темплејти (шаблони) од кои корисникот може да одбере еден, кој најмногу му се допаѓа за својот сајт.

Овие креатори им нудат бесплатна или премиум верзија на своите корисници. Обично со бесплатните верзии на корисниците им е понудено бесплатно, но ограничено хостирање. За корисниците да ги добијат сите погодности како што се свој домен, бесплатни имејл адреси, како и некои дополнителни опции, потребно е да доплатат одредена сума. Доколку решите и вие да направите сопствен сајт, погледнете ја следнава листа на десетте најпознати веб-креатори.

1. Wix.com

Најпознат меѓу овие сајтови е www.wix.com. Со помош на Wix, освен личен веб-сајт можете да креирате и професионална онлајн продавница, мобилен веб-сајт или пак брзо и едноставно да креирате Фејсбук-страница. Бесплатниот сајт од Wix би го добиле заедно со бесплатен домен од второ ниво, ограничен простор за вашите содржини и ограничен веб-сообраќај, поддршка за квалитет и реклами кои ќе бидат поставени на него.Најдобрите бесплатни креатори на веб-сајтови

2. WebStarts.com

Овозможува слични услуги како претходниот, со некои мали разлики. Бесплатната верзија ќе ви овозможи да креирате само 5 страници во склоп на вашиот сајт и ќе ви понуди ограничен мемориски простор и веб-сообраќај. Со бесплатната верзија исто така следат и реклами од самиот сајт. Најчесто webstarts.com се препорачува како опција за креирање сајтови за лично претставување.“Најдобрите

3. Wopop.com

Wopop.com претставува веб-компанија која нуди дизајн на индивидуални или сајтови за онлајн продажба. Бесплатниот сајт од Wopop би го добиле заедно со домен од второ ниво, ограничен мемориски простор, реклами, како и функционалностите кои ги поседува еден сајт за онлајн продажба. Исто така нуди голем број интересни и квалитетни темплејти и претставува одлично решение за креирање онлајн продавница.“Најдобрите

4. Moonfruit.com

Moonfruit.com е едноставен за користење и поседува голем избор на креативни темплејти. Бесплатниот пакет кој го нуди, вклучува еден веб-сајт со 15 страници на домен од второ ниво, ограничен веб-сообраќај и меморија за складирање на содржините. Moonfruit не обезбедува корисничка поддршка, но затоа пак овозможува автоматско креирање на мобилна верзија, како и брзо и лесно креирање на Фејсбук-страница со само неколку кликнувања.“Најдобрите

5. DoodleKit.com

DoodleKit.com ги нуди речиси истите можности како и претходните креатори. Дополнителна карактеристика кај овој креатор е вградениот RSS читач.“Најдобрите

6. Yola.com

Понудите од yola.com изгледаат доста интересно. Ако се одлучите за бесплатен пакет од Yola тогаш тој би вклучувал веб-сајт со вклучени 5 страници, подршка за квалитет, домен од второ ниво, вграден механизам за следење на статистики и ограничен простор и веб-сообраќај. Најважно е дека со Yola ќе се ослободите од досадните и иритирачки реклами и pop-up прозорчиња кои се неизоставен дел од останатите креатори.“Најдобрите

7. Webs.com

Бесплатен веб-сајт можете да креирате и преку webs.com. Пакетот кој го нуди овој сервис вклучува една веб-сајт, како и мобилна верзија на истата, и двете со реклами. Просторот за складирање на податоците и веб-сообраќајот и во овој случај се ограничени. Доколку сакате да креирате онлајн продавница преку овој сајт треба да бидете внимателни бидејќи постои ограничување на само 5 продукти.“Најдобрите

8. ezweb123.com

Еден веб-сајт со 15 страници, ограничен мемориски простор и веб-сообраќај, домен од второ ниво и реклами од ezweb123.com е тоа што го нуди овој креатор, слично како и останатите.“Најдобрите

9.Doomby

Doomby.com е малку поразличен од другите бидејќи нуди одредени поволности. Со Doomby ќе добиете веб-сајт со неограничен број страници и неограничен веб-сообраќај. Во однос на другите карактеристики, не е ништо поразличен од другите, освен тоа што не обезбедува бесплатни темплејти за креирање онлајн продавници.“Најдобрите

10. Jimbo.com

Jimbo.com е уште една опција за креирање на бесплатен веб-сајт. Овозможува креирање на личен сајт или сајт за електронска продажба. Исто како и претходните, и овој креатор има ограничена понуда. Нуди ограничен хостинг простор, бара мал надоместок за остварената онлајн продажбата и уште неколку дополнителни карактеристики.“Најдобрите


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот

Поврзани содржини

  1. Coll Reply

    i http://www.piczo.com isto taka e mnogu dobar site 😉

Остави коментар