Најдобрите бесплатни апликации за виртуелна реалност

Најдобрите бесплатни апликации за виртуелна реалност

Не се сите луѓе во светот доволно богати за да го доживеат извонредното искуство кое ви го нудат скапите уреди, како Oculus Rift или HTC Vive. Проблемот е што виртуелната реалност не е само за љубителите на видео игри и програмерите. Забавните и интересни искуства во виртуелната реалност се многу подостапни отколку што мислат многу луѓе, а сѐ што ви треба е смартфон и неколку бесплатни апликации.

Најдобрите бесплатни апликации за виртуелна реалност

Најевтиниот (и на најлесниот) начин да почувствувате како изгледа виртуелната реалност е преку Google Cardboard (кој можете да го најдете за помалку од 12 евра). И покрај тоа што не е најдобриот уред на пазарот, сепак е многу едноставен за користење и ќе ви овозможи можност да се запознаете со виртуелната реалност и способностите кои таа ги поседува. Токму затоа и составивме листа од најдобрите бесплатни апликации кои ќе ви дозволат целосно да ја искусите оваа технологија.

Google Cardboard

Најдобрите бесплатни апликации за виртуелна реалност

Ова е веројатно најлогичното место за почеток. Оваа апликација ви дава основни лекции за виртуелната реалност. Потоа можете да го завртите светот со помош на Google Earth, да откриете некои племенски маски, да гледате Јутјуб видео на огромен екран и да уживате во некои анимации. Ова е одлично место за почетници и токму затоа вреди да ја имате оваа апликација на вашиот телефон, особено доколку сакате да се запознаете со концептот и содржините на виртуелната реалност.

Апликацијата е достапна за корисниците на Андроид.

Sisters

Најдобрите бесплатни апликации за виртуелна реалност

Хорор сценаријата секогаш одлично функционираат во виртуелната реалност. И ако мислите дека хорор филмовите се страшни, замислете го истото искуство без луксузот од периферен поглед или можноста да го тргнете погледот настрана. „Sisters“ е мало, забавно виртуелно искуство, кое вклучува светла, страшни кукли, застрашувачки звуци и многу страшни моменти.

Апликацијата е достапна за корисниците на Андроид и iOS.

Star Wars VR – Jakku Spy

Најдобрите бесплатни апликации за виртуелна реалност

„Силата се буди“ беше одличен филм. Без разлика дали сте го гледале или сѐ уште се подготвувате за последното продолжение од серијалот, оваа апликација ви нуди интересно мало искуство, кое ќе ве направи агент на отпорот на напуштената планета Јаку. Визуелното опкружување и звуците се на високо ниво, па секој фан на „Војна на ѕвездите“ мора да го испроба.

Преземете ја апликацијата тука.

Roller Coaster VR

Најдобрите бесплатни апликации за виртуелна реалност

Ова e суштинско виртуелно искуство. Иако ќе ве направи да се чувствувате помалку несигурно, тоа е само дел од она што би го доживеале ако вистински се возите на луда железница. Оваа апликација е забавно возење среде тропско опкружување, а секако е многу поевтина варијанта отколку реалното возење на ролеркостер.

Апликацијата е достапна за корисниците на Андроид и iOS.

Insidious VR

Најдобрите бесплатни апликации за виртуелна реалност

Уште една хорор виртуелна реалност. Всушност страшната содржина е ефективен начин да се покаже како виртуелната реалност ги мами нашите емоции. Оваа апликација користи визуелни знаци и ги плаши сите луѓе кои ја пробале. Ова е уште една апликација за која задолжително ви се потребни слушалки.

Апликацијата е достапна за корисниците на Андроид и iOS.

Discovery VR

Најдобрите бесплатни апликации за виртуелна реалност

Еден од најфасцинантните аспекти на виртуелната реалност е можноста за истражување. Discovery, телевизискиот канал кој ги продуцира најдобрите документарни филмови во светот, почна да креира содржини за виртуелна реалност, со цел да ги искористи новите технологии. Апликацијата ви нуди извонредна можност да пливате со ајкули, да преживувате во шума и многу други неверојатни искуства.

Апликацијата е достапна за корисниците на Андроид и iOS.

VRSE

Најдобрите бесплатни апликации за виртуелна реалност

VRSE e компанија која раскажува приказни преку медиумот на виртуелната реалност. Компанијата користи свои алатки и своја продукциска куќа за создавање на виртуелни филмови во многу жанрови, вклучувајќи и хорор, анимирани, документарни и многу други. „Еволуцијата на стихот“ и „Кататоничен“ се двата најдобри виртуелни филмови достапни за симнување.

Апликацијата е достапна за корисниците на Андроид и iOS.

Glitcher VR

Најдобрите бесплатни апликации за виртуелна реалност

Има само неколку апликации за виртуелна реалност кои ја користат камерата од телефонот за да ги распоредат по слоеви нештата во светот околу вас, но една од најдобрите дефинитивно е Glitcher. Таа ви овозможува да поставите 9 различни филтри на влезот на камерата, вклучувајќи селекција на бои, детекција на рабови и многу други. Најимпресивна функција е гласовната контрола. Со зборување може да задавате команди како менување на филтрите, снимање видео, фотографирање и активирање на ламба.

Апликацијата е достапна за корисниците на Андроид.

Cardboard Crossy VR

Најдобрите бесплатни апликации за виртуелна реалност

Најпопуларната игра за префрлање на улица (која е адаптација на популарната „frogger“) сега е можно да се игра во виртуелна реалност. Со користење на магнетниот управувач скокате и се обидувате да ги избегнете автомобилите, возовите и камионите. Можеби не е најдобро стилизираната игра во виртуелниот свет, но дефинитивно е забавна.

Апликацијата е достапна за корисниците на Андроид и iOS.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Инженер под влијание на силни филмски маси. Далеку од реалноста, блиску до паметот. Иако крајот на филмот Живот го знаеме сите, сепак убаво е да уживаме додека трае.

Поврзани содржини

Остави коментар