Моќна ламба во форма на книга

Лумио (Lumio) е мултифункционална ламба со одличен дизајн и моќна технологија. Составена е од ЛЕД светилки, кои функционираат кога ќе се отвори книгата, додека „корицата“ е изработена од трислојно дрво во кое се вградени магнети.

Моќна ламба во форма на книга

Тие пак овозможуваат ламбата да се прикачува за разни елементи во домот или надвор од него. Практична е за во читална, како дополнително осветлување во кујната, за правење романтична атмосфера или за осветлување во услови на потполн мрак.

Моќна ламба во форма на книга

Работи на литиум-јонска батерија која овозможува 8 часа непрекината работа, а потоа се полни и може повторно да се користи.

Моќна ламба во форма на книгаМоќна ламба во форма на книгаМоќна ламба во форма на книга

Покрај како подвижен технолошки аксесоар во вашата чанта, ламбата Лумио можете да ја користите и постојано приклучена во домот, како замена за лустер. Можете да ја прилагодувате формата според потребите, како и да комбинирате повеќе ламби за да постигнете креативност, естетика и ниво на осветлување кое е потребно за вашиот простор.

Моќна ламба во форма на книгаМоќна ламба во форма на книгаВо јули, 2013 ќе почне испораката на првата серија Лумио ламби, а ако нарачате сега, една ќе ве чини 85 долари. Моќна ламба во форма на книга

Погледнете како работи ламбата Лумио:

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар