Мини GPS уред, идеален приврзок за клучот од вашата кола

Мини GPS уред, идеален приврзок за клучот од вашата кола

Компанијата Бушнел излезе на пазарот со уникатен мини уред за навигација наречен „Бектрек“. Уредот е со пропорции 8.9 x 5.8 x 2.2 сантиметри и ви овозможува да ја посочите локацијата каде подоцна ќе треба да се вратите. Одлично решение за дезориентираните авантуристи.

Уредот може да се најде во два модела (видео), „Поинт 3“ и „Поинт 5“, а имињата им се дадени според нивните спецификации, односно според тоа колку вкупно локации можат да зачуваат.

Мини GPS уред за ориентација и навигација

Моделот поинт 5 има мерач на температурата и на надморската височина, часовник и многу побрза конекција со сателитите.

Поинт 3 уредот можете да го најдете на пазарот за 70 американски долари, а надградениот и многу пофункционалниот поинт 5 за 100 американски долари. Изборот е ваш.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар