Лесен начин за наоѓање работа од дома

Доколку повторно почнеме да зборуваме за тоа колку е тешко во Македонија да се најде работа, како нема перспектива за младите во сопствената земја, муабетот ќе се сведе на тоа дека секој разумен граѓанин не сака да биде сведок на уште едно излевање на способни кадри надвор од нашата земја.Лесен начин за наоѓање работа од домаНо, во воздухот сѐ уште стои прашањето како да се извлече нешто позитивно од ваквата ситуација? Па многу лесно: Постои проблем, потребно е решение!

Така е родена идејата за „Elancer“. Тоа е веб-сајт кој служи како механизам за регулирање на понудата и побарувачката на работа. Многу едноставно, секое правно или физичко лице може да креира свој профил, како понудувач или како некој кој бара работа. Карактерот на работата може да е од каков било профил.

Најновите трендови само уште повеќе го потврдуваат фактот дека работењето од дома станува сè подоминантно како принцип на функционирање на голем број работни односи. Секако дека на „Elancer“ може да се доставуваат услуги од секаков вид, не само компјутерски туку и физички.Лесен начин за наоѓање работа од домаДенес сме сведоци како пред наши очи настануваат значајни трансформации на традиционалните работни места. Работните задачи во сѐ поголем волумен можат да бидат извршени од дома и да се доставуваат до работодавачот преку интернет-конекција.

Доста интересна информација е тоа што од младите луѓе денес се очекува во текот на својата кариера да променат ни помалку ни повеќе туку од 10 до 14 работни места. Овие бројки доволно кажуваат за настанатите промени на пазарот на труд. До израз доаѓа флексибилната природа на работата која нуди голем број предизвици за луѓето. Ваквото движење било невозможно да се предвиди пред 20 години, а денес сме соочени со турбулентни промени кои работат на олеснување на сите аспекти од секојдневието.

Дали се вредни времето и непотребните напори при користење на застарениот модел за ангажирање луѓе? Дали се потребни сите тие часови минати во бесцелно листање огласи и долгите постапки на аплицирање?

Веб-сајтот www.еlancer.mk е одлична можност за секоја амбициозна, способна личност или пак модерна компанија да бира од низа можности. Со Elancer веќе не е важно формалното образование, мама и тато и нивните пријатели, тука доаѓаат до израз вистинските способности. CV-то е композиција од лични достигнувања и способности кои треба да се покажат на дело во наредниот работен однос.


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар