Легендарни ретро видео игри #1

Легендарни ретро видео игри #1

.

  • Prince of Persia

Легендарни ретро видео игри #1Prince of Persia“ е дводимензионална видео игра која за прв пат се појави на 3 октомври 1989 година. Иако до сега излегоа далеку понапредни продолженија, сепак првото издание е вистинска класика. Како херој во играта треба да избегнувате смртоносни стапици, да мечувате со стражарите и да одгатнувате некои едноставни препреки.
Легендарни ретро видео игри #1Имате неограничен број на животи и доколку ја загубите енергијата, нивото го започнувате одново. Имате точно еден час за да ги поминете сите нивоа и да ја спасите принцезата од злобниот везир Џафар.
Легендарни ретро видео игри #1.

  • Prehistorik 2

Легендарни ретро видео игри #1Prehistorik 2“ се појави во 1993 година. На оваа игра и претходеше „Prehistorik“ која беше доста интересна, но сепак второто продолжение доживеа многу поголем успех. Ликот кој ќе го управувате треба да се справи со дивите животни, притоа собирајќи храна, дијаманти и други предмети.
Легендарни ретро видео игри #1На крајот од секое ниво имате еден главен негативец, кој морате да го победите за да преминете на следното. Хумористична и многу забавна игра која морате да ја пробате.
Легендарни ретро видео игри #1.

  • Mortal Kombat

Легендарни ретро видео игри #1Mortal Kombat“ е легендарна игра која за прв пат се појави на 8 октомври 1992 година. Тој што ја играл оваа игра тешко ќе ги заборави 10-те ликови, меѓу кои најпрепознатливи се Scorpion, Sub-Zero и Goro.
Легендарни ретро видео игри #1Во игра еден на еден, целта е да го победите противникот во две рунди. Секој од ликовите има посебно движење (Fatality) односно движење со кое треба да го докрајчи противникот во крвавата борба. „Mortal Kombat“ го промени светот на боречките видео игри засекогаш.
Легендарни ретро видео игри #1


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар