Купете си држач за таблет и добијте велосипед

Самсунг, во соработка со водечката компанија за рачно изработени велосипеди од Велика Британија, 14 Bike Co, работеше на велосипед со интегриран држач за таблети, специјално наменет за моделот Галакси таб 10.1. Држачот, кој може и да се откачи, е изработен од истиот тип карбонски влакна кои се користат за автомобилите од Ф1. Според тоа, држачот е цврст и истовремено лесен, што го прави движењето на таблетот низ него безбедно и лесно.Купете си држач за таблет и добијте велосипедСамата рамка на велосипедот е изработена од челик, а офарбана е во црно-бела варијанта, така што од едната страна е целосно црна, а од другата страна бела, на тој начин асоцирајќи на боите во кои е достапен самиот таблет.

Иако од компанијата тврдат дека рамката овозможува „згодна“ позиција за поставување на таблетот додека сте во движење, малку е тешко да се замисли како би изведувале мултитач-операции додека вртите на педалите.Купете си држач за таблет и добијте велосипедСамиот Глакси таб 10.1 го карактеризира 10.1 инчен crystal clear WXGA TFT LCD екран, тежи само 565 грама и претставува најтенкиот таблет во светот во споредба со останатите кои се одликуваат со истата големина на екранот. Неговата дебелина изнесува само 8,6 мм. Секако, во комбинација со велосипедот, овие димензии ќе изгледаат малку поинаку. :)

Зошто би сакале велосипед со вакви својства? Па, доколку сакате да ја следите поминатата километража, да планирате движење по определени патеки и сл., за што апликации може да се преземат од продавницата на Андроид. Купете си држач за таблет и добијте велосипедИако ваквите понуди вообичаено не се прават за директно остварување профит од продажбата, туку многу повеќе за привлекување внимание, сепак со нетрпение очекуваме да видиме како (колку?) ќе изгледа оваа понуда. Компанијата за велосипеди ќе ги нуди овие модели на сите кои сакаат да бидат неразделно поврзани со својот таблет. Но, би очекувале дека овој додаток за таблети ќе чини малку повеќе од останатите.

Интересна понуда. Дали вам би ви била привлечна?

———————————————————————————————————————————————————————

Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар