Креативен обележувач за книги кој се претвора во светло за читање

Креативен обележувач за книги кој се претвора во светло за читање

Обележувачите и светлата за книги одат во пар, но се продаваат поединечно. Затоа, Kyouei Design ги комбинира двете во еден уникатен и неверојатно корисен дизајн. Соодветно наречен „обележувачко светло“, оваа интересна креација има минималистички дизајн и се состои од тенка филмска лента на која има сребрено мастило изработено од нано честички кои пренесуваат струја.

Креативен обележувач за книги кој се претвора во светлоКреативен обележувач за книги кој се претвора во светло

Ова му дозволува на дизајнот да има двојна употреба – со дополнителна литиумска батерија, обележувачот се претвора во малечко светло кое ќе ги осветли зборовите од книгата која ја читате.

Креативен обележувач за книги кој се претвора во светлоКреативен обележувач за книги кој се претвора во светло

Неговата природна форма е на рамен правоаголник. За да се трансформира во светло, сѐ што треба да направите е да го превиткате и да ја ставите литиумска батерија помеѓу секој крај. Ова ги активира течните кристални светла кои ќе светат сѐ додека не го одвиткате обележувачот.

Креативен обележувач за книги кој се претвора во светло


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Новинар. Самопрогласен актер. Џедај. Животна форма еволуирана да живее од филмови, видеоигри, музика, хумор и технологија. Хоби и рекреација: Појадок, ручек, вечера.

Поврзани содржини

Остави коментар