Колку долго треба да ги четкате вашите заби? Оваа четка ви го нуди одговорот!

Сите ќе се согласите дека четкањето на забите е секојдневна потреба за одржување лична хигиена, па без оглед на тоа колку не ја сакате оваа активност, морате да ја практикувате. Но, сте се запрашале ли точно колку време треба да трае ова? Можеби во училиште ве учеле дека правилно е две минути, но сигурно вие покрај вас немате аларм. Затоа, запознајте ја Гоби, четката за заби на батерии која ви овозможува четкање на секој дел од забите по 30 секунди, односно, вкупно 2 минути и ви сигнализира кога тоа е доволно. Звучи како сон на секој мрзливец, зар не?

Колку долго треба да ги четкате вашите заби? Оваа четка ви го нуди одговорот!

Бен Голдберг, соосновач на Гоби, покажува неколку карактеристики на оваа иновативна четка за заби и зошто е погодна за сите типови луѓе. Имено, таа постои во два вида – за чувствителна и за редовна употреба. Доколку никогаш претходно не сте користеле електронска четка за заби, Голдберг препорачува да започнете со чувствителниот вид, па потоа да преминете на редовниот.

Колку долго треба да ги четкате вашите заби? Оваа четка ви го нуди одговорот!

Не само што Гоби размислува за вас (се исклучува по две минути), туку нејзините батерии траат и до две недели. При полнењето, постои мала светилка која ви сигнализира дека четката е целосно наполнета, а исто така кажува кога е потребно да ја замените главата на четката.

Колку долго треба да ги четкате вашите заби? Оваа четка ви го нуди одговорот!

Гоби исто така нуди услуга за претплата, при што ќе ви биде испратена замена за четката кога ќе истече времето.

„Ние нудиме претплата, па не треба да се грижите за менување на истрошените влакна. Тоа е една грижа помалку за вас“, вели Голдберг.

Колку долго треба да ги четкате вашите заби? Оваа четка ви го нуди одговорот!

Доколку се прашувате зошто треба да користите електрична четка за заби наместо обична, Голдберг вели дека таа може да биде поефикасна.

„Вие можете да постигнете добри резултати со обичната четка за заби, но, многу работи не настануваат поради човечка грешка. Гоби ги отстранува човечките грешки што е можно повеќе, правејќи секој да изгледа експерт во четкање заби.“

Колку долго треба да ги четкате вашите заби? Оваа четка ви го нуди одговорот!

Елегантна и иновативна четка за заби која размислува за вас. Што друго ви треба?

За авторот
Економист во изградба, а страстен обожавател на пишаниот збор уште откако знае за себе. Смета дека животот без домашно милениче не изгледа комплетен, а кафето со многу шеќер го смета за едно најубавите утрински задоволства.

Поврзани содржини

Остави коментар