Колажите никогаш не изгледале поубаво: Апликации кои ќе ги разубават вашите Инстаграм фотки

Колажите никогаш не изгледале поубаво: Апликации кои ќе ги разубават вашите Инстаграм фотки

Скоро сите Инстаграм корисници делат една заедничка дилема – од една страна, секој ден имаат толку многу фотографии за споделување, а од друга страна не сакаат претерано да им досаѓаат на своите следачи. Решението е во фотоколажите.

kolazhite-nikogash-ne-izgledale-poubavo-aplikacii-koi-kje-gi-razubavat-vashite-instagram-fotki-kafepauza.mk

Иако постојат многу апликации за оваа намена, некои од нив не се бесплатни, а други пак не нудат доволно напредни можности. Но, овие 5 интересни апликации се бесплатни и нудат одлични опции. Се надеваме дека меѓу нив ќе ја пронајдете вашата омилена.

1. Moldiv

Оваа апликација (ајфон, андроид) ви овозможува на своите слики да им додадете текст, разни позадини и „балончиња за дијалози и размислувања“, а посебно е погодна за оние кои сакаат јасни и прецизни колажи наменети за објавување на веб-сајтови и блогови.

2. Photo Grid

За корисниците кои сакаат повеќе можности од едноставното креирање колажи, оваа апликација (ајфон, андроид) нуди алатки како што се видео слајдови, колажи-потсетници и сл.

3. Fuzel

Оваа апликација (ајфон, андроид) ги нуди едноставните, но и некои посебни алатки за уредување на фотографиите. Тука можете да додавате налепници и специјални ефекти на вашите слики.

4. Pic Stitch

Во оваа апликација (ајфон, андроид) имате можност да одберете повеќе од 245 различни изгледи за вашите фотографии. Тука од едно место имате пристап до разни специјални ефекти, рамки и мемиња за содржината која сакате да ја споделите со вашите следачи.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар