Интерактивна галаксија

„Starfield“ е најновата инсталација на Lab 212. Станува збор за големо интерактивно ѕвездено небо, кое секој би посакал да го има во својот дом. Проектот воодушевува со неговата едноставност и оригиналност. Се заснова на софтверот „Open Frameworks“, на уредот Kinect, видео проектор и обична лулашка, чие движење манипулира со ѕвездите.Интерактивна галаксијаСензорот „Kinect“ е поставен зад лулашката и преку видео проекторот креира галаксија од ѕвезди, кои го следат ритамот на лулањето. „Open Frameworks“ овозможува да го конфигурирате речиси секој начин на движење. И рендерирањето е многу едноставно. Се состои од квадратчиња создадени во „OpenGL“. За поубаво доживување пожелно е да се користат 3Д очила. Преку следното видео, погледнете како изгледа кога патувате низ ѕвездите, без да ја напуштите вашата дневна соба. :-)



Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Минималист ;)

Поврзани содржини

Остави коментар