Гаџет со вистински дожд и облаци ја прикажува временската прогноза

Кен Кавамото е софтверски инженер преку ден, а навечер креатор на гаџети, кој сака да ја пробие бариерата помеѓу дигиталниот и реалниот свет. Тоа го има направено со својата последна иновација – Темпископ (Tempescope).

1.gadzhet-so-vistinski-dozhd-i-oblaci-ja-prikazhuva-vremenskata-prognoza-kafepauza.mk

Малата кутија може да креира вистински капки дожд и да симулира грмотевици и сончеви зраци со цел да ви ја прикаже временската прогноза.

Направата се поврзува со интернет прогнози и програми за временска состојба, што значи дека може да ја користите за да дознаете какво ќе биде времето утре или какво е времето во моментот каде било во светот. За жал, гаџетот не може да креира снег.

2.gadzhet-so-vistinski-dozhd-i-oblaci-ja-prikazhuva-vremenskata-prognoza-kafepauza.mk

Кавамото го објавил кодот и шемата за својот гаџет како софтвер со отворен код, што значи дека секој со технички познавања може да си направи иста кутија. Додека за сите останати, тој годинава ќе започне кампања за собирање пари, со цел да го направи овој гаџет достапен за секого.

3-gadzhet-so-vistinski-dozhd-i-oblaci-ja-prikazhuva-vremenskata-prognoza-kafepauza.mk 4-gadzhet-so-vistinski-dozhd-i-oblaci-ja-prikazhuva-vremenskata-prognoza-kafepauza.mk 5-gadzhet-so-vistinski-dozhd-i-oblaci-ja-prikazhuva-vremenskata-prognoza-kafepauza.mk 6-gadzhet-so-vistinski-dozhd-i-oblaci-ja-prikazhuva-vremenskata-prognoza-kafepauza.mk 7-gadzhet-so-vistinski-dozhd-i-oblaci-ja-prikazhuva-vremenskata-prognoza-kafepauza.mk

За авторот
Верува во луѓето и сака да ги разбира. Музиката – страст, кафето – љубов. Позитивна личност и ја гледа добрата страна и во најлошите работи. Невозможното е возможно кога ќе се открие вистинскиот пат.

Поврзани содржини

Остави коментар