Футурист открива како ќе изгледа животот во 2040 година

Футурист открива како ќе изгледа животот во 2040 година

Како ја замислувате иднината? Дали мислите дека драстично ќе ни се смени животот или пак нема да доживееме толкави промени? Најпознатиот футурист во Европа, Реј Хемонд, има неколку интересни идеи околу тоа како ќе изгледа светот во 2040 година. Прочитајте ги неговите замисли и видете дали се совпаѓаат со вашите…

Здравје

Футурист открива како ќе изгледа животот во 2040 година

Сите ќе носиме разновидни сензори кои постојано ќе ни ги надгледуваат крвниот притисок, шеќерот во крвта и нивото на кислород во крвта. Животниот век ќе се продолжи и многумина ќе живеат повеќе од 100 години. Децата родени во 2040 година на некој начин ќе имаат бесконечен живот. Со помош на генетските терапии, матичните клетки и наномедицината, ако ги исклучиме несреќите и смртоносните болести, ќе можеме да живееме засекогаш и да изгледаме многу помлади. Благодарение на егзоскелетите, односно надворешните вештачки цврсти структури, постарите луѓе ќе можат да останат подвижни многу подолго. Сега тие се тврди и крути, но тогаш ќе бидат меки и удобни.

Секс

Футурист открива како ќе изгледа животот во 2040 година

Луѓето ќе се вљубуваат во роботи, а тоа ќе влијае на човечките односи. Како што е познато, имаме навика да наоѓаме човечки карактеристики кај неживите предмети, а со тоа што роботите стануваат сѐ понапредни, неизбежно е некои луѓе да започнат врска со нив. Свадбите ќе станат поретки, а промискуитетот ќе порасне, бидејќи моралните норми ќе бидат многу поопуштени. Во просек, жените денес имаат 9 сексуални партнери во текот на нивниот живот, а мажите 11. Очекувајте бројките да пораснат на 100 за жените и 200 за мажите.

Транспорт

Футурист открива како ќе изгледа животот во 2040 година

Повеќето возила ќе се возат самите, а автопатите и патиштата ќе имаат ленти за самовозење. Сообраќајот без возачи ќе се одвива во конвои, односно во групи, така што возилата ќе се наоѓаат многу блиску едни до други и ќе ослободат простор на автопатите. Единственото место каде што ќе можете да го возите вашиот автомобил ќе биде лиценцираното тркалиште. Продажбата на автомобили што возат на бензин или дизел ќе биде забранета во 2040 година. Улиците ќе изгледаат и звучат многу поинаку.

Што се однесува до воздушниот сообраќај, нема да има големи промени. Ќе дојде ерата на електрични и самолетачки авиони, но сепак ќе постои мала контрола. Ќе има и хипер дупки, туби за транспорт со патнички ленти што ќе патуваат со брзина од 1100 километри на час.

Храна

Футурист открива како ќе изгледа животот во 2040 година

Со оглед на тоа што светската популација ќе порасне од сегашните 7 билиони на повеќе од 9 билиони, нема да можеме да одгледуваме месо на истиот начин како досега. Нема да има доволно место за сите животни што ќе бидат потребни, а метанот што се ослободува од нив значително ќе ѝ наштети на животната средина. Наместо тоа, ќе има вештачко ткиво, односно месо, што ќе се одгледува во фабрики и нема да има потреба од вистински животни.

Веќе биле произведени и изедени таквите бургери во лабораториите, а до 2040 година, 40% од месото ќе биде вештачко или направено од растенија. Ќе биде направено на таков начин што ќе изгледа, ќе мириса и ќе има ист вкус како вистинското месо. Исто така, ќе се користат и инсекти како замена за месо, бидејќи се богати со протеини, поевтини се и еколошки поздрави. Очекувајте да јадете бургери и колбаси од инсекти! Освен тоа, повеќето луѓе ќе живеат во градови, па житните култури ќе се одгледуваат на вертикални фарми од страните на зградите.

Комуникација

Футурист открива како ќе изгледа животот во 2040 година

Смартфоните ќе исчезнат и ќе бидат заменети со контролни центри што ќе ги носиме во низа уреди поставени околу нашето тело. На пример, ќе носиме паметни контактни леќи каде што текстовите ќе лебдат пред нашите очи и обетки кои ќе испраќаат пораки преку виртуелните асистенти во нашите уши. Нема да се забележува дека носиме нешто дополнително, но ние ќе се чувствуваме како да го гледаме реалниот свет преку смартфон. Исто така, социјалните мрежи ќе се соединат со реалноста. Ќе може да видиме непознат човек на улица и со помош на софтверот за препознавање лица кој ќе биде поврзан со нашите контролни центри, веднаш ќе го знаеме неговото име и ќе можеме да му го најдеме профилот. Како последица на сето тоа, приватноста речиси ќе исчезне.

Вештачка интелигенција

Футурист открива како ќе изгледа животот во 2040 година

Ќе мора да си го поставиме прашањето дали машините ќе бидат наши робови или господари. Компјутерите ќе можат да решаваат проблеми исто толку добро колку и луѓето, а ќе имаат потенцијал и да нѐ надминат за кратко време. Потоа ќе се запрашаме дали да им дозволиме да ја преземат контролата или да се обидеме да ја регулираме и да ја измениме вештачката интелигенција. Ќе се појави и идејата за генетска модификација на луѓето за да можат да се натпреваруваат со машините. Нашите одлуки ќе имаат значително влијание на редот во светот. Ако Западот одлучи да ги регулира машините, ќе забележи уназадување во споредба со земјите што им дозволуваат на компјутерите неконтролирано да се развиваат.

Забава

Футурист открива како ќе изгледа животот во 2040 година

Денес, луѓето се „залепени“ за нивните телефони, но замислете си го животот во 2040 година. Помножете ја таа зависност со 100! Поголемиот дел од нашето време ќе го поминуваме во виртуелни светови, без разлика дали станува збор за работа или уживање. Луѓето многу поретко ќе го напуштаат виртуелниот свет за да запознаат луѓе во реалниот живот.

Погледнете ги и овие 6 навидум научно фантастични откритија кои се иднината на технологијата.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

  1. Анонимен Reply

    GLUPOSTI ZIVI

Остави коментар