Фејсбук знае кога ќе си го смените љубовниот статус

Сите знаеме дека на интернет нема тајни, но како би реагирале доколку некој ви каже дека Фејсбук знае дека ќе започнете нова врска уште пред да се случи тоа? Доколку ова не ви звучи верно, само помислете колку информации секојдневно оставате на Фејсбук.

Фејсбук знае кога на вашата врска ѝ се ближи крајот

Еве како Фејсбук го опишува овој феномен:

„Истражувавме група луѓе кои го сменија својот статус од „слободен“ во „во врска“, и кои исто така наведоа датум на почеток на врската. Во времетраење од 100 дена пред почетокот на врската бевме сведоци на бавно, но значајно покачување на бројот на постирања и споделувања помеѓу двајцата идни партнери. Штом врската и официјално ќе започне, бројот на споделувања почнува да се намалува.“

Фејсбук знае кога на вашата врска ѝ се ближи крајот

Така што не плашете се, Фејсбук нема инсталирано камери во вашата соба, ниту пак праќа луѓе да ве следат. Едноставно гледа сѐ што можат да видат и вашите пријатели. Според тоа колку често споделувате нешто на нечиј профил, може да се процени тајното жарче кое го имате за одредена личност, дури и пред вие да си го смените статусот.
Затоа умерено споделувајте. Инаку вашата тајна заинтересираност за некого, лесно може да биде забележана.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Слободното време го минува со голема шолја кафе и со добра книга во рака или пишувајќи го она што ѝ лежи на душата. Не може да поднесе неправда и негува емпатија кон луѓето. Како перфекционист опседнат да даде сè од себе, сонува да направи промена во светот околу неа. Креативна и желна за нови предизвици, со многу нови соништа секој ден, иако понекогаш плашлива од промена. По малку романтична со голема љубов кон англиските книжевни класици.

Поврзани содржини

Остави коментар