Епл Мек про со неверојатни 12 процесорски јадра

Мек про десктоп компјутерите на Епл доаѓаат во ново издание, а она што ќе го забрза чукањето на вашето срце е 12-јадрениот процесор кој е спакуван во внатрешноста. Ова би требало да ги возбуди професионалците кои се занимаваат со графика, музика и видео кои преферираат да работат на Мекинтош заради моќноста со која можат да работат нивните омилени апликации за креативна работа. Она што ќе го добиете од овој процесор е 2,66 GHz или 2,93GHz по јадро, што би било доволно за симултана работа на толку задачи колку што не би можеле ни да замислите.

Однадвор, неверојатниот процесор кај новите Мек про компјутери го чува мазниот метал од страните и перфорираната решетка однапред. Промените во дизајнот се минимални, но останатите технички спецификации се исто така значајно подобрени заедно со процесорот. Новиот Мек про може да работи со две ATI Radeon HD 5770 графички картички со 1GB GDDR5 меморија на секоја и поддршка за поставување на 6 монитори. Во однос на меморијата, новиот Мек про може да вклучи максимум 32GB RAM. Купувачот може да избере неколку терабајтни тврди дискови, 512 гигабајтни solid state дискови или комбинација од двата типа.

12-јадрениот Мек про пристигна во август годинава, а неговата цена почнува од 5000 американски долари. Од информацијата за максималната цена ќе ве поштедиме, само одоколу ќе ви наспомнеме, дека може четирикратно да се зголеми од основната.

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

  1. me Reply

    bravo

  2. Јани Reply

    Apple e Епл нема што секогаш ќе бидат најдобри

Остави коментар