Еден татко создал апликација со која вашето дете не може да ви го игнорира повикот

Ник Херберт мислел дека го решил проблемот со комуникацијата со неговиот син кога му купил мобилен телефон. Но наскоро открил дека тој бил премногу млад.

Hands of three messaging teenagers

„Она што мислев дека е решение, се претвори во друг проблем. Бидејќи телефонот е „паметен“, тој можеше да игра игри и да гледа видеа на него. Па тој си го чуваше телефонот на нечујно и кога се обидував да му се јавам, не ми одговараше. Некогаш бидејќи не го слушал телефонот, а некогаш сигурно и затоа што му било срам да разговара со татко му пред пријателите.“

Ова го натерало Ник да смисли нешто неверојатно

Ник направил апликација наречена ReplyASAP, која му покажува дали син му ја добил пораката но и го тера да му одговори пред да продолжи со играта или игнорирањето. Апликацијата функционира така што кога ќе пратите порака со неа, дури и ако телефонот на примачот е на нечујно тој сепак ќе заѕвони бидејќи повикот е итен. Телефонот ќе продолжи да ѕвони додека не притиснете „snooze for 3 minutes“ или „cancel“. Ако примачот одбере која било од опциите, јавувачот ќе добие нотификација. Тогаш пораката му кажува на испраќачот (или јавувачот) дали повикот е добиен или пораката прочитана.

„Разговарав со Бен и му кажав за идејата, и му се допадна. Тој ќе знае дека кога ќе добие порака од апликацијата станува збор за нешто важно и треба да ми се јави. Исто така, и тој ќе може да ми испраќа вакви пораки, па имаме разбирање дека апликацијата ќе се користи само за важни работи.“

Иако апликацијата била наменета за неговиот син, Ник вели дека е одлична и за возрасни кои не се родители.

„Кога разговарав со пријателите за апликацијата, тие најдоа и друга употреба за неа, бидејќи мнозинството од нив го чуваат телефонот на нечујно. Апликацијата можете да ја користете да го пронајдете телефонот, или пак кога итно морате да добиете некој колега од работа.“

Апликацијата е достапна за Андроид и можете да ја најдете тука.

Погледнете ги и овие апликации кои се одлични за сите новопечени родители.

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар