Докторите почнуваат да користат вештачка интелигенција за предвидување на смртта

Докторите почнуваат да користат вештачка интелигенција за предвидување на смртта

Одобрен е првиот алгоритам што ги набљудува пациентите со цел да предвиди потенцијално смртоносни настани неколку часови пред да се случат. Вештачката интелигенција ќе ѝ помогне на медицината да се ослободи покрај навистина ограничените ресурси.

Алгоритам што ја предвидува смртта

Алгоритамот може да предвиди неочекувана смрт од инфаркт или проблеми со респираторниот систем. Тој е наречен „Wave Clinical Platform“ и бил создаден од компанијата „ExcelMedical“.

Платформата забележува суптилни промени кај пациентите и испраќа сигнал до 6 часа пред потенцијален смртоносен настан. Алгоритамот постојано ги набљудува пациентите, нешто што лекарите и медицинските сестри не можат да го прават. Ресурсите во здравството навистина не се доволни. Заменик директорот на фирмата, Мери Баум, изјавила:

„Немаме доволно лекари или медицински сестри, а имаме население кое старее и кое се разболува, па потребни се повеќе ресурси и служби.“

Системот може и да ги споредува состојбите на пациентот. На пример ако се забележи покачување на крвниот притисок, само по себе не е ништо сериозно. Но ако се забележи истовремено со намалување на кислородот, можно е да станува збор за потенцијално опасен настан.

Дури и во најраните стадиуми, вештачката интелигенција се покажала како многу корисна во медицината. Нејзиниот развој само ќе го забрза медицинското истражување, па лекарите ќе можат да извршуваат потешки задачи многу побрзо. Во некои случаи, вештачката интелигенција се покажала способна точно да дијагностицира одредени болести. Покрај тоа, после дијагнозата, вештачката интелигенција со помош на алгоритам може да му помогне на лекарот да го одбере најсоодветниот третман.

Една од најдобрите предности што ќе ја ужива медицинскиот персонал од вештачката интелигенција е тоа што подобро ќе се справи со ограничените ресурси. Ако компјутерите можат да скенираат слики за да бараат проблеми, а алгоритамите можат да предвидуваат болести, лекарите ќе можат да поминуваат повеќе време со нивните пациенти.

Погледнете и некои од фантастичните откритија кои се иднината на технологијата.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар